Бик и лав – љубовна комбинација

Бик и лав – љубовна комбинација

Кога бик и лав започнуваат љубовна врска, тие можат да бидат одличен пар, бидејќи секој од партнерите знае како да го „нахрани“ егото на другиот. Тие имаат слични интереси: бикот сака да добива многу внимание, да се чувствува љубено и почитувано, а лавот сака да добива комплименти, да биде обожуван и да му се восхитуваат. Бикот и лавот се екстремно лојални и посесивни љубовни партнери. Бидејќи имаат толку многу заеднички работи, овие два знака, генерално можат да ги задоволат потребите на другиот партнер.Бик и лав – љубовна комбинацијаДвата знака сакаат да имаат добар општествен статус, да поседуваат скапи работи и да живеат комфорно и луксузно. Лавот е многу самобендисан и очекува од партнерот често да добива  комплименти и подароци. Таквиот негов карактер пак, воопшто не му пречи на бикот, бидејќи тој обожува да ги применува традиционалните форми на додворување врз својот партнер. И покрај тоа што оваа врска може да функционира одлично, во неа не секогаш „цутат рози“, бидејќи и двата знака се многу тврдоглави и мораат да научат да зборуваат на заеднички јазик и меѓусебно да си ги прифатат недостатоците.

Бикот е предводен од Венера (планетата на љубовта и парите), а лавот од Сонцето (его). Сонцето зрачи со топлина и светлина, па и лавот блеска со таква енергија и ентузијазам. Венера се однесува на љубовта, убавината и луксузот. Оваа комбинација од женствена и мажествена енергија им овозможува на овие партнери да си се восхитуваат еден на друг и да си даваат морална поддршка. Сонцето го симболизира животот, а Венера ја отсликува романтичната љубов. Сè додека овие партнери се доволно внимателни еден кон друг и имаат меѓусебно разбирање, нивната врска ќе биде позитивна.

Бикот и лавот се амбициозни знаци, но на различен начин. Лавот тежнее да биде славен и богат, а бикот настојува да си обезбеди сигурен и стабилен финансиски и љубовен живот. Бидејќи секој од нив сака да биде „шефот во врската“, тие најверојатно ќе се борат за тоа кој да биде доминантен, освен доколку го прифатат фактот дека тоа ќе постане секојдневна пракса во нивната врска. Во текот на расправиите, бикот мрази да признава дека тоа што го зборува ја изгубило поентата на муабетот, бидејќи според него, тоа значи прифаќање дека неговиот партнер е доминантен. Нивните „битки“ имаат тенденција да бидат жестоки и спектакуларни, но сè додека секој од нив е сигурен дека нивниот партнер ја вреднува врската која ја имаат, тие ќе можат да се справат со проблемите.

Многу е тешко да премислите личности родени во хороскопските знаци бик и лав. Кога еднаш ќе го „наместат умот“ по некое прашање, тешко дека нешто може да ги натера да размислуваат поинаку. Нивната тврдоглавост е причината зошто караниците помеѓу нив знаат да постанат толку напнати. Секој од нив длабоко е уверен дека е во право и дека нивниот начин на гледање на работите е и единствен. Друга заедничка особина кај овие партнери е нивната одбивност кон правење промени. Тие сакаат еднаш да ги средат работите и да ги остават да функционираат така до бесконечноста и назад, дури и ако има шанса да бидат подобрени.

Истото важи и на љубовен план. Доколку бикот и лавот решат дека сакаат нивната врска да успее, речиси ништо на светот нема да може да ги разубеди да го остават нивниот партнер. Оваа нивна особина е поволна во однос на стабилноста на нивната љубов, но може да се претвори во негативна, ако нивната врска постане деструктивна и премногу ограничувачка.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација бик-лав е нивното обострано почитување, восхитување и обожување. Двата знака располагаат со многу моќен карактер, така што ниеден од нив нема да може да доминира над другиот, без разлика колку и да се обидуваат. Другите луѓе ги доживуваат како одличен пар, во кој партнерите се посветени кон реализација на нивните заеднички цели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Auf Reply

    TOCNO !

Напиши одговор на Auf Откажи одговор