Астрологијата и солзите

Астрологијата и солзите

Дали ги гризете усните и се плашите да ги откриете емоциите пред семејството и најблиските во интензивните емоционални ситуации или јавно покажувате сè што чувствувате? Прочитајте кое однесување е типично за вашиот хороскопски знак во ваквите мигови.

Астрологијата и солзите

Водните знаци скорпија, рак и риби се оној тип на луѓе на кои можете да им видите солзи во очи. Нив не им пречи да ги покажуваат пред другите луѓе, бидејќи имаат тенденција да го прават тоа што го чувствуваат и навистина им придаваат големо значење на емоциите. Тие исто така умеат да ги сфатат тажните емоции на другите луѓе, па во тој случај може да следуваат повеќе солзи. Скорпијата сака да оддава впечаток дека е приватна личност која умее ги држи своите чувства под контрола, но во суштина е исто толку сентиментална колку што се ракот и рибите. Скорпијата, всушност, кога се чувствува измамено, ги меша своите чувства на тага со доза на гневни емоции, кои прават да делува поцврсто.

Воздушните знаци близнаци, вага и водолија не сакаат да се вплеткуваат во нешта кои ќе им создадат емоционална турбуленција. Тие имаат тенденција веднаш да се повлечат настрана, да ја анализираат ситуацијата, а кога ќе донесат заклучок избегнуваат да ги покажат своите емоции. Нивното повлекување од „жешките ситуации“ може да биде од голема корист понекогаш, но многу почесто љубовните партнери на овие хороскопски знаци навистина посакуваат нивниот/та љубен/а да го „спушти штитот“. За разлика од водните, воздушните знаци сметаат дека ако се препуштат на своите емоции, ќе станат непромислени и целосно ќе изгубат контрола врз своето однесување. Вагата особено сака да ја задржи нејзината појава во надворешниот свет, така што потечени очиња и мокри обравчиња едноставно не се нејзин стил.

Огнените знаци овен, лав и стрелец може надворешно да оставаат впечаток како да не се грижат и не сочувствуваат со другите, но тоа е далеку од реалноста. Тие едноставно имаат свој начин на демонстрирање на емоциите. Тажната ситуација ќе ја претворат во шега, со цел да ги прикријат нивните вистински чувства. На моменти дури може да им засмета нечие јавно покажување на емоции, бидејќи тоа го уништува нивното весело и позитивно расположение. Но, кога еднаш ќе сфатат дека соочувањето со емоциите всушност ја одржува нивната виталност и енергија, огнените знаци ќе станат повеќе склони кон нивно демонстрирање.

Земјените знаци бик, девица и јарец имаат топло срце, но нив никогаш не им е удобно да покажуваат ранливост или не дај Боже да пуштат солза. Тие имаат тенденција да го одвлекуваат своето внимание од тажните емоции преку правење нешто, што било. Практичноста е нивната техника за бегање од реалните емоции. Јарецот сака да делува кул и софистицирано, бикот никогаш не сака да остава впечаток на неодлучна личност, а девицата има тенденција да ги доживува останатите како да им е потребна повеќе помош отколку на нејзе самата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Марија Смокварска Reply

    Главни ти се хороскопиве, Криста:) me like it

Напиши одговор на Марија Смокварска Откажи одговор