7 нешта што треба да ги знаете за вашиот пријател Бик

Времето на Биковите само што започна, а тоа значи дека претстојат родендените на вашите најтврдоглави, но сепак најлојални пријатели. Поради тоа, неопходно е да се разберат нивните сложени карактеристики, особено кога се наоѓаат во период кога нивниот знак владее. Биковите се познати по тоа што цврсто стојат на своите ставови, а желбите и потребите им се посилни и поспецифични споредено со кој било друг хороскопски знак.

7 нешта што треба да ги знаете за вашиот пријател Бик

Ако самите сте Бик, тогаш сигурно ќе се пронајдете во овој текст, а доколку сте пријател со Бик, тогаш ќе можете доста полесно да изберете подарок за нивниот претстоен роденден, но и да избегнете да западнете во таканаречените биковски замки на нивното однесување.

1. Биковите ги бие глас дека се тврдоглави

Вистина е, но ова треба да се прифати како комплимент. Тврдоглавоста доаѓа и со постојаност на карактерот, а тоа е особина која е корисна во ситуации кога треба да се донесат одлуки за кариерата или за животот.

2. Саморазгалувањето е стил на живот, не хоби

Биковите очекуваат многу, и често бараат многу од другите луѓе, како и од самите себе. Тие сметаат дека треба да ги имаат сите достапни задоволства. Нивното мото е: „Работи напорно, грижи се за себе напорно.“

3. Емотивните испади се ретки, но големи

Припадниците на овој хороскопски знак важат за релативно стабилни и успеваат доста тешки моменти да надминат со „ладна“ глава. Но, кога пукаат, тоа е проследено со силна емотивна експлозија и драматични сцени.

4. Сакаат квалитетни пријателства

На Биковите им е најважно воспоставеното пријателство да биде квалитетно. Тие не се грижат за бројот на пријатели, бидејќи не сакаат да вложуваат во плитки односи со луѓето. Нивните групи на пријатели се мали, но пријателствата им се стабилни.

7 нешта што треба да ги знаете за вашиот пријател Бик

5. Сакаат да имаат контрола врз сè

Кога ќе се посветат на нешто, било да е работа, хоби или однос со пријатели, Биковите даваат повеќе од 100 проценти од себе, но воопшто не се флексибилни. Според нив самите, тоа всушност е екстремна независност, која подоцна ќе им донесе големи предности во повеќе ситуации.

6. Оставаат впечаток на конфликтни личности

Колку и да се обидуваат да избегнат конфликти и меѓусебни расправии, во сржта на нивниот карактер е да сакаат нештата да бидат направени онака како што тие сметаат дека е правилно.

7. Ако сакаат, можат да бидат шармантни

Поради нивната постојаност во карактерот и расположението, Биковите можат да се прилагодат во повеќе ситуации, но само доколку навистина го сакаат тоа. Со други зборови, можат да бидат и најпријателски настроени, доколку претходно процениле дека така е правилно.

Дознајте уште и кои се 5-те причини зошто Бикот е најдобриот пријател кој може да го имате.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар