Веројатно не сте слушнале за неа, но оваа состојка е сè повеќе барана кога станува збор за негата на лицето

Покрај акните и брчките, хиперпигментацијата е еден од најчестите проблеми со кожата. Ако темните дамки по сончањето се вашата редовна состојба, веројатно веќе сте пробале витамин Ц и нијацинамид, двете најпопуларни средства за отстранување на темните дамки. Но, овие две состојки не се единствените опции за лекување на кожата покриена со дамки.

Веројатно не сте слушнале за неа, но оваа состојка е сè повеќе барана кога станува збор за негата на лицето

Арбутинот е нешто за коешто можеби никогаш не сте слушнале, но дава импресивни резултати кога станува збор за избелување на кожата. Оваа активна состојка може да се наоѓа во некој од вашите серуми, но вие да не знаете за тоа.

Арбутинот е природна состојка за осветлување на темните дамки и е добиен од растенија како што се мечкино грозје, круша и пченица, но може да се направи и синтетички.

За разлика од некои други поефикасни средства, арбутинот нема несакани ефекти и затоа е добра алтернатива на помалку безбедните препарати. Го има во различни форми, а најчесто се користи алфа-арбутин.

Избелување на кожата со арбутин

Арбутинот може да ги осветли и да ги намали постојните темни дамки и пеги, вклучувајќи ги и оние од сонцето, но исто така успешно го спречува нивното формирање. Исто како витаминот Ц, арбутинот е нестабилен на топлината и затоа има пократок рок на траење.

За оптимални резултати, треба да се користи и за дневна и за вечерна нега на кожата. Исто така, има одлични ефекти кога се користи заедно со други состојки за осветлување на кожата, како што се витамин Ц, нијацинамид и гликолна киселина.

Сепак, нема да ги добиете посакуваните резултати преку ноќ. Потребни се 8-12 недели пред да забележите какво било подобрување на хиперпигментацијата.

Дали има несакани ефекти?

Иако арбутинот е безбеден за сите видови кожа, се препорачува да направите пробен тест, исто како што правите кога користите некој козметички производ за првпат. Ова е особено важно ако вашата кожа е чувствителна. Алергиските реакции може да вклучуваат црвенило, првут или чешање.

Погледнете кои 7 грешки во негата на кожата може да ви создадат акни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар