6 хороскопски знаци што избегнуваат да бидат емотивно приврзани само за да не бидат повредени

Кога ќе станете емотивно приврзани со некого, се коцкате со своите чувства. Но, ако сте биле повредени премногу пати, нема да сакате повторно да ризикувате. Во астрологијата, постојат неколку хороскопски знаци кои избегнуваат да бидат емотивно приврзани во обид да се заштитат себеси и да не бидат повредени. Дали вие сте меѓу нив?

6 хороскопски знаци што избегнуваат да бидат емотивно приврзани само за да не бидат повредени

1. Водолија

Водолијата е добро увежбана во одржувањето емоционално растојание. Колку е повеќе одвоена од партнерот, толку е помала можноста да се повредат еден со друг. Понекогаш може да изгледа како да се оддалечени без никаква причина, но обично постои причина за тоа – да не се повредат.

Овие личности сакаат да имаат друштво покрај себе, но за нив е подобро ако не се премногу приврзани. Можеби ви изгледаат како рамнодушни, но тоа е само маска.

2. Стрелец

Стрелецот претпочита да не ги комплицира работите. Личностите родени во овој хороскопски знак биле повредени премногу пати и не сакаат да минуваат низ уште една болка и раскинување.

За да избегне емотивна поврзаност, Стрелецот може да ја промени својата локација. Ако знаете дека ќе заминете наскоро, најдобро е да не се приврзувате премногу. Проблемот е во тоа што овие личности не се рамнодушни – тие премногу се грижат, но ќе им биде полесно ако ги игнорираат своите емоции и ако продолжат понатаму.

3. Девица

За Девицата, емотивната неприврзаност претставува одбранбен механизам. Ако на припадниците на овој хороскопски знак не им е грижа, тие ја намалуваат опасноста да бидат повредени. Овие личности се искрени и ќе ви кажат дека во моментот не можат да бидат приврзани. Но, можеби во иднина.

Во тој момент, Девицата треба да заздрави од последната болна емоционална состојба. Таа нема да ја разубавува вистината или да ви даде лажна надеж.

4. Вага

Избегнувањето на емотивната приврзаност е карактеристичен потег за Вагите. Тие не сакаат да бидат повредени и мора да заздрават од каква било емоционална болка, па затоа ќе ги одржуваат работите на површина, без длабоки емотивни нуркања.

Овие личности не сакаат проблеми и не сакаат да вознемируваат никого. Тие попрво ќе држат растојание отколку да бидат емотивно приврзани и да останат повредени. Ако љубовта беше фер, можеби Вагата немаше да се крие зад емотивниот ѕид.

5. Близнаци

Кога ќе станете емотивно приврзани, се грижите, а кога работите ќе тргнат наопаку, тешко е да ги отстраните вашите емоции од настанатата ситуација. Грижата води до голема болка, а Близнаците не се родени за тоа. Тие повеќе би сакале да ја избегнат приврзаноста, да ги игнорираат сопствените чувства и да чекаат да ги снема.

Ако овие личности мислат дека некој е премногу заинтересиран за нив, а тие не се, Близнаците може да стават крај на врската уште пред да започне. Можеби ќе ви покажат цел список со изговори зошто врската не би успеала, но вистината е дека овие личности не сакаат да бидат повредени.

6. Овен

Овните ја избегнуваат емотивната приврзаност така што ќе си го одвлечат вниманието и ќе си го пополнат распоредот. Тие нема да бидат повредени ако никој нема доволно време да ги повреди. Овните глумат дека се премногу зафатени за да се грижат, но не е така.

Овенот сепак ќе потроши неколку минути за да размисли што би можело да биде ако работите се одвиваа поинаку, но тогаш ќе се присети дека иако можеби ги пропуштил позитивните работи од емотивната приврзаност, барем ја заобиколил болката.

Прочитајте кои 5 хороскопски знаци можат да се справат со стресни ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар