5 едноставни правила од лекарите за одгледување здраво дете

5 едноставни правила од лекарите за одгледување здраво дете

Кога луѓето за прв пат имаат деца, понекогаш можат да полудат, и тоа не само поради ноќите без сон. Најголемиот страв на секои мајка и татко е дека можеби нешто не е во ред со нивното дете. Но секој педијатар ќе ви каже дека повеќето деца растат и се развиваат на сосема нормален начин. Работата на родителите е да останат смирени и да ги направат само најнеопходните нешта за да го задржат здравјето на детето. Следниве правила ќе ви помогнат да одгледате навистина здраво дете.

1. Немојте самите да препишувате лекови

5 едноставни правила од лекарите за одгледување здраво дете

Нема ситуација во која можете да му дадете лек на детето без рецепт. Дури и ако детето од соседството имало исти симптоми и тие апчиња му помогнале, дури и ако баба му знае што е најдобро. Малку луѓе не помислуваат на тоа дека всушност и капките за нос можат повеќе да нанесат штета отколку да помогнат. Ако ситуацијата не е критична и нема потреба да викнете брза помош, треба да го направите најбезбедното нешто.

2. Подобрување на имунитетот

5 едноставни правила од лекарите за одгледување здраво дете

За да се осигурите дека вашето дете ќе порасне во здрава личност и ќе може да се справи со вирусите и бактериите, потребно е да ги создадете најудобните услови за развивање на имунитетот.

  • Обидете се да го доите детето барем додека не наполни 6 месеци.
  • Создадете удобни услови дома. Температурата нека не биде повисока од 22 степени Целзиусови, влажноста не помалку од 50% и редовно проветрувајте ги просториите.
  • Секој ден шетајте надвор.
  • Не ја запоставувајте физичката активност на детето.
  • Осигурете се дека детето спие добро и доволно.

3. Бидете трпеливи

5 едноставни правила од лекарите за одгледување здраво дете

Некои здравствени проблеми можат и сами да исчезнат како што расте детето, како на пример нетолеранцијата на некоја храна.

4. Не ги игнорирајте вакцините

5 едноставни правила од лекарите за одгледување здраво дете

Движењето на луѓето кои се против вакцинација збуни многу родители и деца. Вистината е дека пред неколку децении многу деца умираа од тетанус, детска парализа и дифтерија. Не постои ниту еден лекар кој би им препорачал на пациентите да не се вакцинираат.

5. Запомнете ги симптомите

5 едноставни правила од лекарите за одгледување здраво дете

Понекогаш дури и најздравото и најдобро одгледаното дете може да се разболи. Тоа е сосема нормално. Но вие како родител би требало да ги знаете симптомите на најпопуларните болести кои веднаш бараат нега од специјалист.

  • Пневмонија: Тешкотии со дишењето, промена на бојата на кожата, слаб апетит, анксиозност, треска (може да се појави многу касно).
  • Инфекција од ротавирус: Губење на апетитот, замор, анксиозност, треска, повраќање, дијареа, течење на носот, кашлица.
  • Бронхитис: Треска, тешкотии со дишењето, кашлица, слабост, губење на апетитот, главоболка, потење, промена на бојата на кожата.

Погледнете ги и здравите навики што секое дете треба да ги научи во најраната доба од животот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар