Здрави навики што вашето дете мора да ги научи во најраната доба од животот

Ако сте родители на деца од 1 година или повеќе, сигурно веќе сте свесни колку време и труд ќе морате да вложите во нивното воспитување. Тие се мали, а може да се каже и со празни глави, па треба да се наполнат со разни информации, како и со здрави навики кои подоцна ќе им служат за цел живот и што можеби подоцна ќе ги применуваат дури и на сопствените деца. Важно е детето што е можно порано да усвои повеќе добри навики, бидејќи тие ќе му го олеснат неговиот, но и вашиот живот. Еве неколку од нив.

1-zdravi-naviki-koi-vasheto-dete-mora-da-gi-nauchi-vo-najranata-doba-od-zhivotot-www.kafepauza.mk_

1. Не прескокнувајте го појадокот

Децата од вас треба да ја усвојат навиката за консумирање појадок, секојдневно. Тоа е еден од најважните предуслови за создавање навика за здрава исхрана кога ќе пораснат.

2. Миење раце и капење

Миењето на рацете пред секое јадење, после секоја нужда, после доаѓањето дома, после играњето, за време на настинка и слично е еден од главните предуслови за здравјето. Исто така, учењето за важноста на личната хигиена, вклучувајќи миење коса, лице и тело е една од најважните животни навики кои детето треба да ги усвои уште на мали години.

3. Четкање на забите

Од денот кога ќе избијат првите запчиња, потребно е да започнете со учење на навиката за нивно миење два пати на ден, наутро после појадокот и навечер пред спиење.

2-zdravi-naviki-koi-vasheto-dete-mora-da-gi-nauchi-vo-najranata-doba-od-zhivotot-www.kafepauza.mk_

4. Одете на прошетки, престојувајте во природа, играјте си на игралиштето

Минувајте го вашето време со децата на отворено. Во време кога е многу лесно да останете затворени во домот пред телевизорот или да играте компјутерски игри, обидете се детето да се навикне да игра на свеж воздух, сонце, снег и разни временски услови. Децата многу лесно можете да ги претворите во личности кои нема да сакаат да излезат од домот, а особено не без игрите на мобилниот, таблетот и слично. Исто така, ограничете го времето за гледање телевизија и играње игри. Постојат бројни други занимливи игри и квалитетно минување на времето.

5. Заеднички оброци

Откако ќе почне да јаде крута храна, детето почнува и да учи за навиките за време на јадењето, па така и за заедничките семејни оброци, како функционираат и која е нивната важност и динамика.

6. Читајте секојдневно

Нема врска дали станува збор за иста приказна или не, запомнете дека со приказна пред спиење детето стекнува навика за важноста за читање книги, која многу добро ќе му послужи во иднина.

7. Колку што е можно помалку слатки и газирани сокови

Можеби е тешко да ги исфрлите во целост, но секако нивната консумација треба да ја намалите на минимум, бидејќи тие се полни со вештачки шеќери и други нездрави состојки, кои придонесуваат за прекумерно дебелеење на децата. Инсистирајте на тоа детето да пие обична вода.

3-zdravi-naviki-koi-vasheto-dete-mora-da-gi-nauchi-vo-najranata-doba-od-zhivotot-www.kafepauza.mk_

8. Доволно сон

Потребно е за детскиот психички и физички развој. Доволниот сон е важен за растење на човечкиот организам, а здравата навика за спиење се стекнува во детството.

9. Користење препарати за заштита од сонцето

Сонцето нема милост, па децата од најраната доба, односно од моментот кога може да излегуваат на сонце и да употребуваат препарати со УВ филтри, треба да ја усвојуваат навиката редовно да ги користат.

10. Научете ги како да користат сигурносни појаси

Децата од малечки учат за важност на користењето сигурносни појаси во текот на возењето. Таа навика ќе им послужи за целиот живот, а на многумина може и да им го спаси животот.

А, како расте вашето малечко пожелно е да го вклучувате и во останатите активности, па погледнете кои се соодветните домашни обврски за децата во однос на возраста.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар