Нови стилски начини на кои може да ги носите бисерите

Нови стилски начини на кои може да ги носите бисерите

Модно ажурирање – бисерите повеќе не се бабински, стари, наменети само за постарите жени и слични приказни кои можеме да ги поврземе со овие „добри женски пријатели“. Бисерите може да изгледаат доста модерно доколку ги носите на некои нови, стилски начини на кои не сте се сетиле досега. Можеби ќе пронајдете некои „класични“ начини за носење на бисерите, на пример, во вид на накит, но тие начини сега се модернизирани, средени и прилагодени за сите стилски девојки кои во длабочината на својата душа се вистински мали дами.

1-novi-stilski-nachini-na-koi-mozhe-da-gi-nosite-biserite-www.kafepauza.mk_

1. Вашите стари очила за сонце можете да ги освежите на едноставен начин, со помош на бисери. Од бисерите можете да создадете синџирче за очилата што ќе направи да изгледате како Одри Хепберн, а доколку повеќе ви одговара лежерен, слободен, младешки стил, тогаш со бисери украсете ги само рамките на очилата.

2-novi-stilski-nachini-na-koi-mozhe-da-gi-nosite-biserite-www.kafepauza.mk_3-novi-stilski-nachini-na-koi-mozhe-da-gi-nosite-biserite-www.kafepauza.mk_

2. Ако сакате бисери, но не премногу, тогаш ваквиот модел на чанта е совршен за вас. Голем, сјаен бисер во комбинација со синџирче е совршен аксесоар за некои елегантни прилики, а може да изгледа и сосема модерно како надополнување на урбаните модни комбинации на кои ќе им даде посебен печат.

4-novi-stilski-nachini-na-koi-mozhe-da-gi-nosite-biserite-www.kafepauza.mk_

3. Бисерниот накит се подразбира. Ѓерданите со бисери во кој било облик се пожелни, особено оние едноставните со еден погламурозен детаљ, како на пример еден поголем бисер.

5-novi-stilski-nachini-na-koi-mozhe-da-gi-nosite-biserite-www.kafepauza.mk_

4. И бразлетните се опција, но верзијата „повеќе е повеќе“. Слободно комбинирајте повеќе бразлетни како би добиле „натрупан“ ефект, бидејќи совршено ќе се согласува со едноставните, елегантни модни комбинации.

6-novi-stilski-nachini-na-koi-mozhe-da-gi-nosite-biserite-www.kafepauza.mk_

5. Бисерите се најдобри пријатели на која било облека или обувки, па затоа со нив можете да ги украсите вашите стари патики, фармерки, шорцеви, блузи… А, кога ќе посакате да изгледате модерно и атрактивно, одлучете се за фустан кој е украсен со еден куп бисери. Лупита Нионго на доделувањето на Оскарите изгледаше навистина совршено со вакво размислување.

8-novi-stilski-nachini-na-koi-mozhe-da-gi-nosite-biserite-www.kafepauza.mk_7-novi-stilski-nachini-na-koi-mozhe-da-gi-nosite-biserite-www.kafepauza.mk_

За поголема инспирација, погледнете уште неколку начини како да ги носите бисерите кои се тотален хит во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар