9 ситуации кога не треба да го игнорирате вашиот инстинкт

Постојат многу работи што можат да ви бидат патокази во животот, но инстинктот е една од оние што никако не треба да ја занемарите – особено во овие ситуации!

1-9-situacii-koga-ne-bi-trebalo-da-go-ignorirate-vashiot-instinkt-www.kafepauza.mk_

1. Чувство дека нешто не е во ред

Кога сте на одредено место или во одредена ситуација и го имате она чувство дека сте во опасност, немојте да го игнорирате. Вашата десна страна од мозокот зема податоци од вашето опкружување повеќе отколку што мислите.

2. Чувство дека нешто е во ред

Кога ќе запознаете некого за прв пат и ќе почувствувате нешто ептен позитивно за таа личност, не игнорирајте го тоа. Енергијата која ја споделува е топла и чиста.

3. Чувство дека некој е лош за вас

Без разлика дали сте во врска или едноставно само ви се допаѓа некоја личност, понекогаш може да ви се појави чувството дека ништо меѓу вас не би можело да успее. Најверојатно сте во право, па внимавајте при одлучување за следниот чекор.

3-9-situacii-koga-ne-bi-trebalo-da-go-ignorirate-vashiot-instinkt-www.kafepauza.mk_

4. Чувство дека не ве сака

Вашиот партнер ви вели дека ве љуби и колку и да сакате да верувате во тоа, едноставно чувствувате дека тоа не е така.

5. Чувство дека сте на вистинското место или со вистинската личност

Кога барате нов дом, нова работа или ја запознавате вистинската личност, добивате чувство дека тоа е тоа место, работа или личност за вас.

6. Чувство дека нешто не е во ред со вашето тело

Вашето тело е моќен извор на комуникација. Ако имате чувство дека нешто не е во ред со вашето тело направете си услуга и проверете го тоа.

2-9-situacii-koga-ne-bi-trebalo-da-go-ignorirate-vashiot-instinkt-www.kafepauza.mk_

7. Чувство дека нешто можете да направите

Имате нова задача која е поставена пред вас, но не сте нервозни, бидејќи знаете дека ќе направите сѐ што е потребно за да ја завршите. Знаете дека сè што ви е потребно се наоѓа во вас, па така тоа ви доаѓа природно.

8. Чувство дека е време да заминете

Во врска сте веќе подолго време, но потоа се случува нешто што ќе ја промени вашата перспектива. Во дел од секунда сфаќате дека е доста и дека треба да заминете.

9. Чувство дека ќе зажалите

Се впуштате во ситуација за која имате чувство дека резултатот нема да биде сјаен, но сепак го правите тоа. Слушањето на внатрешниот глас е попаметно одошто мислите.

Исто така, погледнете зошто според истражувањата интуицијата е најголема форма на интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар