Моќни цитати што ќе ве поттикнат да живеете онака како што сакате

Многумина мислат дека тешко е да се живее според сопствени правила, бидејќи постојат многу општествени норми што треба да се почитуваат, треба да се внимава на однесувањето за да се остави добар впечаток, а туѓото мислење и одобрување им се важни на повеќето луѓе. Меѓутоа, никогаш нема да можете да ги остварите вашите соништа и да бидете вистински среќни доколку не почнете да живеете онака како што сакате. Следниве цитати ќе ве поттикнат да го направите токму тоа…

Моќни цитати што ќе ве поттикнат да живеете онака како што сакате

„Нема да се удавите доколку паднете во вода, ќе се удавите ако останете во неа.“ – Едвин Луис Кол

„Да ги почитував сите правила, немаше да стигнам никаде.“ – Мерилин Монро

„Не знам каде ќе одам понатаму, но ви ветувам дека нема да биде здодевно.“ – Дејвид Боуви

„Најдоброто нешто што го сфатив е тоа дека треба да им дозволам на работите да станат навистина ужасни и да ја чекам шегата. Секогаш постои добра шега во најмрачните моменти.“ – Стив Алмонд

„Оние кои не можеа да ја слушнат музиката ги сметаа за луди оние кои танцуваа на неа.“ – Фридрих Ниче

„Бидете такви какви што сте и кажувајте го она што го чувствувате, бидејќи луѓето на кои им пречи тоа не се важни, а на оние кои се важни нема да им пречи.“ – Доктор Сус

„Сите се генијалци. Но, ако ја судите рибата според нејзината способност да се качува по дрво, таа ќе го помине целиот нејзин живот мислејќи дека е глупава.“ – Алберт Ајнштајн

„Сум била исплашена во секој момент од мојот живот, но никогаш не сум дозволила тоа да ме спречи да ги правам работите што сум сакала да ги направам.“ – Џорџа О’Киф

„Запомнете дека тоа што некогаш нема да го добиете она што го сакате е прекрасна среќна случајност.“ – Далај Лама

Моќни цитати што ќе ве поттикнат да живеете онака како што сакате

„Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот се оние кои навистина го менуваат.“ – Стив Џобс

„Ако го правите она што отсекогаш сте го правеле, ќе го добиете она што отсекогаш сте го добивале.“ – Тони Робинс

„Ако вашите соништа не ве плашат, тоа значи дека не се доволно големи.“ – Елен Џонсон Серлиф

„Имате непријатели? Добро е. Тоа значи дека сте се залагале за нешто некогаш во вашиот живот.“ – Винстон Черчил

„Животот поминат во правење грешки не само што е поблагороден, туку е и покорисен од животот поминат во не правење ништо.“ – Џорџ Бернард Шо

„Можете ли да се сетите кои бевте пред да ви каже светот кои треба да бидете?“ – Даниел ЛаПорте

„Ние не сме она што другите ни кажуваат дека сме. Ние сме такви какви што знаеме дека сме и ние сме она што го сакаме.“ – Лаверн Кокс

„Животот поминува брзо. Уживајте во него. Смирете се. Сѐ е смешно.“ – Џоан Риверс

„Неверојатно е тоа колку минливо може да биде совршенството.“ – Вероника (од ТВ серијата „Вероника Марс“)

Прочитајте ги и следниве моќни цитати кои ќе ви помогнат да ја победите депресијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар