3-те хороскопски знаци што повеќе би сакале да бидат пријатели со бенефиции отколку во врска

3-те хороскопски знаци што повеќе би сакале да бидат пријатели со бенефиции отколку во врска

Тие се толку независни, што едноставно не сакаат ни да помислат да почнат нешто сериозно сè додека не се апсолутно сигурни дека го нашле вистинскиот човек. Пријателите со бенефиции им помагаат да го истражуваат својот љубовен живот, додека истовремено се сексуално активни и емоционално поврзани со личност за којашто се грижат.

1. Близнаци

Близнаците се паметни, ентузијастични и расположени за сè, комбинација што ги прави одлични пријатели и забавни додворувачи. Близнаците исто така можат да бидат тешки за смирување, брзи и непостојани. Поради нивната неодлучност, тие понекогаш не можат да се одлучат дали сакаат да бидат во врска со некого или да останат само пријатели. Токму затоа и пријателот со бенефиции е најдобриот избор за нив, бидејќи е флексибилна ситуација без никаков притисок и им ги остава сите врати отворени ако најдат нешто подобро по пат.

2. Стрелец

Стрелците се најнезависниот знак во зодијакот, па препуштањето на сериозна врска за нив значи многу работа, жртвување и посветување. Стрелците без сомнение можат да се справат со сите овие нешта, но додека не го најдат вистинскиот партнер, едноставно не сакаат да се заморуваат со сиот тој труд. Затоа и преферираат да си ја тераат својата работа, но и истовремено да останат во контакт со интересни луѓе и нови искуства. Токму ова и им го овозможува пријателот со бенефиции. Тие можат да поминуваат време со некој за којшто се заинтересирани и да ја истражуваат својата сексуална страна, додека истовремено ја задржат слободата што толку многу ја сакаат.

3. Водолија

Водолијата е интелигентна и пријателски настроена личност, со желба за добро поминато време – токму ова ја прави многу популарна. Бидејќи Водолиите имаат многу пријатели и нивниот социјален календар е секогаш полн, едноставно немаат време за сериозна врска. Тоа е и причината зошто тие уживаат во нешто опуштено, како пријател со бенефиции. Тие им дозволуваат да се поврзат со личност за којашто се грижат, и да ја задржат слободата за да можат да одат на други состаноци, да флертуваат или едноставно да одат онаму каде што ветрот ги носи. Бидејќи се сочувствителни и веруваат во фер ситуации, секогаш се отворени и директни за тоа што го прават со своите пријатели со бенефиции – тие не би сакале никого да повредат.

Од друга страна пак, дамите родени во овие 4 хороскопски знаци имаат моќ да ги освојат сите мажи што ќе ги посакаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар