Дамите родени во овие 4 хороскопски знаци имаат моќ да ги освојат сите мажи што ќе ги посакаат

Тие се родени со неверојатна комбинација на карактеристики и вештини што им овозможуваат да го освојат срцето на секој маж што ќе го посакаат. Ако се најдете на оваа листа, сметајте се за големи среќнички, бидејќи ниту еден маж не може да ви одолее!

1. Вага

Жените Ваги се познати по убавината, нежноста и манирите. Тие се облекуваат елегантно, и носат скап накит во комбинација со моќен парфем. Самокритичноста им помага на Вагите да се променат со цел да ги задоволат сопствените високи стандарди. Затоа и воопшто не е чудно што овој знак се смета за еден од најомилените во очите на мажите. Со Вагите владее Венера, а таа знае сè за љубовта.

Тие најмногу се привлечени од мажите во областа на уметноста, како на пример, актери, пејачи, писатели, уметници, музичари… Најчесто не се заинтересирани за бизнисмените. Вагите сакаат кога другите им се воодушевуваат. Тие се сметаат за скапоцени камења, за кои треба внимателно да се грижите. На сите собири и забави се центарот на вниманието, и инспирираат со своето присуство.

2. Девица

Жените Девици сакаат да го чуваат своето достоинство, но истовремено се и многу емотивни. Тие совршено ги кријат своите емоции. Нивните внатрешни копнеења скоро секогаш остануваат тајни. Овие жени имаат убави манири и секогаш се однесуваат како вистински дами. Тие нема никогаш свесно да ве навредат, освен ако не ги предизвикате.

Сакаат да се занимаваат со книжевноста, музиката и уметноста. Мажите се привлечени од нивната недостапност и студенило, што се комбинирани со моќни карактеристики како великодушноста, трпението, љубезноста и посветеноста. Девиците знаат точно што сакаат мажите и затоа можат многу лесно да ги освојат. Тие се потпираат на своите аналитички вештини.

3. Јарец

Жените Јарци изгледаат неверојатно. Во очите на луѓето околу нив, тие изгледаат совршено – најмногу затоа што имаат исклучителна способност да ги скријат своите несакани карактеристики. Тие не сакаат да покажуваат слабост, не сакаат другите да ги сожалуваат и нема никогаш да дозволат да бидат губитници во туѓите очи.

Јарците знаат точно каков партнер им треба. Тие ги привлекуваат мажите со извонредниот интелект, трпеливоста, па дури и со студенилото. Оваа комбинација им дозволува и да манипулираат со мажите. Тие ја ценат лојалноста, никогаш нема да простат неверство и лесно си заминуваат од оние што ги повредиле.

4. Риби

Жените Риби изгледаат кревко, нежно и незаштитено. Нивната сила е во слабоста. Зарем некој би одбил да биде поддршка на шармантното суштество, на кое се чувствува дека му треба заштита и помош? Токму со ова Рибите умешно ги „ловат“ мажите и ги освојуваат целосно. Тие ги будат природните машки инстинкти во нив, и така ги задржуваат до себе.

Покрај Рибите, мажите се чувствуваат како примитивни ловци, што се спремни да поразат и мамут само за да ја задржат насмевката на лицето на својата сакана. Шармот на Рибите е неодолив, а нивната „беспомошност“ заразна – совршена комбинација за тоа што денешните мажи го бараат. Тие исто така очекуваат да се однесуваат кон нив исклучиво со кавалерство.

Дознајте и кои се 4-те хороскопски знаци што се неверојатни во долги врски!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар