За оние кои се многу зафатени: Најбрзата и најделотворната диета во светот!

Не само тоа што оваа диета е најбрза, туку е и најлесна, бидејќи можете да јадете сè! Меѓутоа, само 8 часа во текот на денот, додека следите одредени правила. Делува доста едноставно, но всушност не е така. Но, за добра фигура вреди да се жртвува.

1-za-site-onie-koi-postojano-docnat-najbrzata-i-najdelotvornata-dieta-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

Епа ајде да почнеме. Првото правило е да ја консумирате храната само 8 часа во текот на денот, додека останатите 16 часа треба да консумирате само вода или евентуално билни чаеви, со тоа што понекогаш можете да си дозволите и по некоја чаша незасладена лимонада.

Нутриционистите тврдат дека секој ден во текот на тие осум часа храната треба да се консумира во ист период, а најдобро би било од 9 до 17 часот, бидејќи тогаш резултатите се најдобри.

Сепак, во зависност од вашиот животен ритам и работно време, логично е дека можеби нема да ви одговара да јадете во спомнатиот период, па затоа слободно можете да го поместувате времето. Тоа може да биде, на пример од 10 до 18 часот, или од 11 до 19 часот.

Сепак, треба строго да се држите до правилото да го консумирате вашиот оброк најдоцна до 19 часот.

2-za-site-onie-koi-postojano-docnat-najbrzata-i-najdelotvornata-dieta-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

Откако ќе завршите со јадењето, повеќе не ви е дозволен ниту еден кекс, но затоа пак можете да пиете вода и чаеви во неограничени количини.

Уште едно важно правило – просторот помеѓу оброците секогаш мора да биде четири часа.

Ограничување во врска со храната нема – дозволено е сè, дури и брза храна. Сепак, ова не значи дека треба да претерувате, бидејќи внесувањето на храна не треба да преминува повеќе од 2.000 килограми дневно.

Колку поздраво се храните, толку подобар ќе биде резултатот, а вие ќе се чувствувате прекрасно. Доколку бидете умерени со овој режим на исхрана ќе можете да ослабите и до 4 килограми за една недела. Во спротивно, бројката на вагата ќе покаже само 2 килограми помалку.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар