Трикови со маскара што ќе направат вашиот поглед да биде прекрасен, возбудлив и предизвикувачки

Ако не можете да го замислите вашиот ден без маскарата, тогаш денес ви даваме малку инспирација, но и мал предизвик. Ви претставуваме три начини на кои можете да ја нанесете маскарата, а со кои вашиот поглед секогаш ќе изгледа како од рекламите. Маскарата во раце и почнуваме!

1. Летни зачадени очи

1-trikovi-so-maskarata-koi-kje-napravat-vashiot-pogled-da-bide-prekrasen-vozbudliv-i-predizvikuvachki-www.kafepauza.mk_

Најпрво, истакнете ги очите со техниката на зачадени очи, а изберете сенки за очи кои се во некои кафеави или крем нијанси, односно доволно светли за да изгледаат природно, но доволно темни за совршено да ги нагласат вашите очи.

Трикови со маскарата: Најпрво извиткајте ги трепките, а потоа нанесете маскара за екстра волумен и тоа со цик-цак техника од коренот до врвовите. Нанесувајте пополека и никако немојте да ги заборавите долните трепки. Ако сакате ефект на вештачки трепки, важно е маскарата да ја нанесете и одозгора и одоздола за трепките од сите страни да бидат „опкружени“ и на тој начин да се создаде поголем волумен. Сите очи ќе бидат вперени во вашите.

2. Зајдисонце во очите

2-trikovi-so-maskarata-koi-kje-napravat-vashiot-pogled-da-bide-prekrasen-vozbudliv-i-predizvikuvachki-www.kafepauza.mk_

За да постигнете ефект на заоѓање на сонцето, „врамете“ ги очите со сенки во златни или бакарни нијанси, малку дискретно, но сјајно. Користете тенка четка за да ги нанесете сенките во мачкин облик.

Трикови со маскарата: Кај оваа шминка сѐ се врти околу нежноста, суптилноста, околу оној лесен и сјаен отсјај. Затоа, ставете малку маскара и тоа особено на врвовите на трепките за тие да бидат истакнати, но суптилно. Малку маскара нанесете и на долните трепки, но не претерувајте. Важно е да изгледате како да немате шминка. Ако сакате дополнително да ги истакнете очите, нанесете малку молив за очи во беж нијанса на долната водена линија.

3. Модерни 60-ти

3-trikovi-so-maskarata-koi-kje-napravat-vashiot-pogled-da-bide-prekrasen-vozbudliv-i-predizvikuvachki-www.kafepauza.mk_

Модерните 60-тите би изгледале вака: Белата, сјајна сенка нанесете ја на капаците и тоа особено на внатрешните агли на очите, па сѐ до веѓите. Свежо и блескаво.

Трикови со маскарата: Маскарата нанесете ја кон надвор, поточно, заобиколете ги внатрешните агли на очите и фокусирајте се на средните и трепките по должина на внатрешниот агол на окото за да создадете совршен ефект на ајлајнер. Истото направете го и со долните трепки, а секогаш можете да додадете и малку црн молив за очи на надворешните агли од окото за да го зголемите тој ефект. Малку беж молив за очи нанесете по должина на долната водена линија за поотворен поглед.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар