Според астрологијата, најлошиот ден од годината е сè уште пред нас

Изгледа дека многу луѓе ги мразат 2016 и 2017 година поради разни причини. Ако веќе ви е преку глава од 2017, имаме лоши вести за вас. Според астролозите, најлошиот ден од оваа година е сè уште пред нас – 21-ви декември. Покрај тоа, овој ден е и зимската краткоденица, па буквално е најтемниот ден од годината.

spored-astrologijata-najloshiot-den-od-godinata-se-ushe-e-pred-nas-kafepauza.mk

Пред да почнеме, имајте на ум дека астрологијата е повеќе уметност отколку интерпретација на движењето на планетите. Може да биде алармантно еден ден да се класифицира како „најлошиот“, па затоа слободно интерпретирајте го денот како што вам ви одговара. Сега прочитајте зошто овој ден се смета за најлошиот.

Зимска краткоденица

Зимската краткоденица е ден во кој можеме да очекуваме работите да се одвиваат навистина бавно со цел да се повлечеме и да собереме енергија за зимата. Ако избегнувате да седите мирно, тогаш овој ден ќе биде навистина тежок за вас. Но ако сакате да го поминете денот гледајќи некоја серија со пријателите, ќе си поминете навистина добро.

Сонцето оди во Јарец

Почнува сезоната на Јарците. Тие се посериозен знак и се навистина приземјени. Веројатно бидејќи се родени во зима, преживувањето и стабилноста се нивните приоритети. Кога сонцето е во овој знак, и другите можеме да се однесуваме така. Сонцето во Јарец ќе ви даде увид за тоа што ви недостига најмногу во животот, но и како истото да го поправите или да го добиете. Се разбира, не очекувајте лесно да го добиете одговорот.

Сатурн оди во Јарец

Сатурн, владетелот на Јарец, е исто познат и како дисциплинар. Оваа планета се грижи повеќе за трпеливост и одговорност отколку за добивање награди за сработеното. Па, штом Сатурн си заминува од некој знак, тој ги наградува оние кои навистина се потрудиле да научат. Сатурн ќе остане во Јарец 2 години пред да го заврши својот циклус.

На овој ден може да се чувствувате ограничено, немирно и незадоволно. Можно е да сметате дека одговорностите кои ви се натрупале се премногу за вас. Сосема нормално ќе биде да сакате да ја завршите сета работа што ви останала. Кога Сатурн го прави својот потег, нормално е да ги чувствуваме предизвиците пред нас, но и некоја желба да ги избегнеме. Но анксиозноста која ја чувствувате ќе исчезне само ако се соочите со предизвиците.

Погледнете и кои се 8-те животни циклуси според астрологијата.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар