Најлудата новогодишна забава: Лет околу светот за 24 часа

Луѓето кои сакаат да патуваат сигурно нема да ја поминат новогодишната ноќ седејќи дома. Оние кои сакаат да ја дочекаат Новата година како вистински авантуристи имаат одлична можност. Овој новогодишен лет ви овозможува да ја преживеете празничната магија со 24-часовен лет. Ова е навистина прослава како ниту една досега, но и цената ѝ е таква.

(1)najludata-novogodishnazabava-let-okolu-svetot-za-24-chasa-kafepauza.mk

Додека повеќето од нас размислуваат што ќе носат за новогодишната ноќ, некои луѓе се подготвуваат за најинтересното патување. PrivateFly нуди ексклузивен лет за авантуристите.

„Ќе уживате во вечер полна со прослави, а на полноќ ќе бидете во Сиднеј. Ако потоа имате сила (и пари) ќе можете да се качите на приватен авион и да отидете во Хаваи, па да го повторите целото искуство“, изјавиле од компанијата.

Па ако имате при рака 250.000 евра, пријавете се уште сега.

„Ова е најневеројаниот начин во 2018 да ги посетите најгламурозните локации. Летот од Сиднеј до Хонолулу е 9 часа и 40 минути, а со временската разлика од 21 час ќе имате уште 11 часа забавување ако летате кон исток.“

Ако не сте расположени за ова напорно (и скапо) патување, секогаш постојат други опции. Според компанијата, постојат неколку локации за кои туристите се најмногу заинтересирани на 31-ви декември. Најпознатите 10 се следниве:

1. Гвадалахара, Мексико

2. Кингстон, Јамајка

3. Мексико Сити, Мексико

4. Амстердам, Холандија

5. Лисабон, Португалија

6. Барселона, Шпанија

7. Парис, Франција

8. Мадрид, Шпанија

9. Монтреал, Канада

10. Атина, Грција

„Ова се дестинациите кои најмногу се пребаруваат со наближувањето на новогодишната ноќ. Обично тоа се потопли места, веројатно бидејќи луѓето сакаат да избегаат од реалноста пред да ја започнат новата година. Исто така доста познати се локациите во Европа.“

Се разбира, сосема во ред е да го оставите патувањето во странство за потоплите денови. Соберете ги саканите, направете филмски маратон, отворете го шампањот и уживајте. Сепак најважно е со кој ќе бидете, а не каде.

Ако сепак сакате да ја дочекате Новата година во странство, погледнете ги градовите кои нудат најдобра забава за нејзиниот дочек.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар