Тампоните и пливањето: 7 правила за безгрижно уживање на плажа или на базен

Не дозволувајте менструацијата да ви го расипе уживањето на плажа или на базен. Затоа ви откриваме неколку совети со кои сигурно безгрижно ќе уживате во сончањето и пливањето користејќи тампони.

1-tamponite-i-plivanjeto-7-pravila-za-bezgrizhno-uzhivanje-na-plazhata-i-bazenot-www.kafepauza.mk_

1. Одлучете се за тампони само доколку сте ги носеле претходно

Многу подобро ќе се чувствувате доколку сте навикнати на тампони, а доколку не ги користите инаку, започнете да ги користите неколку месеци пред да заминете на одмор. Кога ќе посакате да ставите тампон извадете го од пакувањето и пронајдете положба во која ќе се чувствувате удобно за да го вметнете со помош на апликатор или со прст. Тампонот ставете го што е можно подлабоко, бидејќи во спротивно може да излезе заедно со апликаторот.

2. Не смеете да го чувствувате нанесениот тампон

Одете, седнете, едноставно движете се за да бидете сигурни дека не го чувствувате тампонот. Доколку ве боли или и понатаму го чувствувате, обидете се да го стаите уште малку подлабоко. Доколку не можете да го ставите тампонот малку подлабоко, тоа може да биде затоа што вашата менструација е при крај. Во тој случај немојте со сила да го туркате тампонот, особено доколку ве боли.

3. Изберете добар костим за капење

Во текот на менструацијата најдобро е да носите костим за капење во некоја темна боја, за секој случај ако нешто се пробие низ тампонот и истече. Исто така, добро е да изберете костим со дополнителен долен дел или модел што е направен од подебел материјал. Едноставно изберете костим за капење во кој ќе се чувствувате удобно и кој добро ќе ве прекрива во долниот дел. На тој начин ќе бидете сигурни и ќе се чувствувате опуштено.

2-tamponite-i-plivanjeto-7-pravila-za-bezgrizhno-uzhivanje-na-plazhata-i-bazenot-www.kafepauza.mk_

4. Внимавајте да не се гледа конецот на тампонот

Конецот на тампонот може да се прегледа низ гаќичките, па проверете тоа да не се случи кога ќе ги облечете на себе. Исто така, можете да го скратите со помош на ножички, но внимавајте да не го скратите премногу за подоцна да немате проблеми со вадењето на тампонот.

5. Немојте да носите дневни влошки

Многу жени заедно со тампоните носат и дневни влошки кои ќе го впијат евентуалното протекување, но при пливањето нема потреба од тоа, бидејќи тогаш се неефикасни, а можат и да се одлепат во допир со водата. Носете дневни влошки само доколку сте дошле да се сончате, односно да уживате во некоја друга активност, а не во пливање.

6. За дополнителна удобност и безгрижност облечете кратки панталони кога ќе излезете од водата

Доколку сакате дополнителна заштита или ви е неудобно да седите на плажата само во костимот за капење, откако ќе излезете од водата облечете кратки панталони за кои, исто така, е пожелно да бидат во некоја темна боја.

7. Почесто менувајте ги тампоните

Не е нужно, но ако на овој начин се чувствувате посигурно и поопуштено, тампоните менувајте ги отприлика на секои два часа.

3-tamponite-i-plivanjeto-7-pravila-za-bezgrizhno-uzhivanje-na-plazhata-i-bazenot-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар