Супержени: 8 волшебни особини на бременото тело

Иако најчесто се фокусирате на негативностите, како што се заморот, мачнините и проширените вени, сепак вашето бремено тело е нешто навистина волшебно. Способни сте за многу повеќе од она што некогаш сте го сметале за возможно. Па затоа, славете ги своите прекрасни, бремени тела, бидејќи создавањето нов живот е чудесна работа.

1-majki-eve-zoshto-treba-da-ja-slavite-vashata-bremenost-8-volshebni-osobini-na-bremenoto-telo-www.kafepauza.mk_

1. Расте силата на мозокот

Сите сме слушнале за расеаноста која ја следи бременоста. Но, истражувањата покажале дека увидувањето и помнењето на идните мајки се зголемува, како и острината на сетилото за вид и мирис. Размислете за тоа како многу жени во доцната бременост работат со полно работно време, го водат домаќинството и се грижат за постарите деца.

Невролозите кои го воделе истражувањето веруваат дека хормоните во бременоста, особено окситоцинот, се одговорни за поттикнување на работата на мозокот. А, тие промени може да останат и понатаму.

2. Ќе бидете во подобра форма од кога било порано

Во текот на првото тримесечје, волуменот на крвта расте и до 60% за и во матката и до бебето да пристигнува доволно кислород и хранливи состојки. Вашите бели дробови работат прекувремено за да го овозможат тој кислород, што го подобрува нивниот капацитет. Жените кои биле активни пред бременоста велат дека се чувствувале во уште подобра форма откако останале бремени. Најдоброто од сѐ е тоа што некои експерти сметаат дека таа супер форма трае уште осум месеци после породувањето. Оттука е и успехот на новите мајки, како атлетичарката Паула Редклиф, првакот во голф Катрион Матју и тениската ѕвезда Ким Клајстерс.

3. И ќе останете физички посилни

Со поплава од естроген и прогестерон, вашето бремено тело исто така лачи голема количина машки хормони, вклучувајќи го и тестостеронот. Тие хормони ги зајакнуваат вашите мускули. Додајте го на тоа и фактот дека наоколу носите бебе кое расте, постелка и целата таа дополнителна течност. Бременоста е всушност вежба за носење тежина.

2-majki-eve-zoshto-treba-da-ja-slavite-vashata-bremenost-8-volshebni-osobini-na-bremenoto-telo-www.kafepauza.mk_

4. Добивате бесплатен третман за убавина

Зголеменото ниво на хормони, особено естрогенот, го забавува лачењето на маслата и го запира вообичаениот циклус на опаѓање и раст на косата, така што вашата коса ќе изгледа погусто и посјајно од кога било порано. На многу жени им зајакнуваат ноктите, косата им станува побујна, а кожата се прочистува од акните, особено во второто тримесечје.

5. Можете да влијаете врз расположението на вашето бебе

Можете да го усреќите бебето и пред да стигне на овој свет. Смеејќи се, во крвотокот испуштате хемикалии за среќа. Тие минуваат низ постилката, па бебето исто така може да ужива во нив и да се чувствува мирно и опуштено.

6. Вашата матка на крајот ќе биде до 500 пати поголема од својата нормална големина

Пред бременоста вашата матка била со големина на круша. Четириесет недели подоцна ќе нарасне до големина на лубеница.

3-majki-eve-zoshto-treba-da-ja-slavite-vashata-bremenost-8-volshebni-osobini-na-bremenoto-telo-www.kafepauza.mk_

7. Би можеле полесно да доживувате оргазми

Дополнителната крв и хормоните кои кружат во вашето тело може да предизвикаат отекување на гениталиите и да ја зголемат нивната чувствителност, правејќи ги идните мајки посклони кон сексуалното возбудување. Многу бремени жени велат дека оргазмите им станале посилни и почести. Времето потребно за да се смирите после врвот може доста да се продолжи, особено во последното тримесечје. Ете уште една причина за да се опуштите и да уживате во својата бременост.

8. Ќе заштедите на сметките за греење

Како и на капутите и јакните за трудници. Температурата на телото на трудниците е природно повисока благодарение на составот на греење од бебето, хормоните, зголемениот волумен на крвта и метаболизмот.

Драги трудници, погледнете и во кои луди митови за бременоста не треба да верувате.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар