Како да се гледате себеси на позитивен начин?

Како да се гледате себеси на позитивен начин?

Многу лесно запаѓаме во лоши мисли после некој неуспех. Но нема потреба од тоа. Иако изгледа тешко, вие сепак ја имате моќта да ги промените вашите мисли и да почнете да се гледате на позитивен начин. Сè што треба да направите е да ги следите овие едноставни совети.

Како да се гледате себеси на позитивен начин?

1. Свесност

Ценете го вашиот живот и секој ден што сте живи. Престанете да се сожалувате ако сте живи и ако сте здрави. Набљудувајте и чудете ѝ се на природата, погледнете го изобилството што ви го нуди. Обидете се да се погледнете низ очите на другите.

2. Самодоверба

Најдете го вашето чувство на вредност кое се наоѓа длабоко во вас и споделете го со другите. Обидете се со разговор да го подобрите и вашето и расположението на другите.

3. Самоконтрола

Преземете одговорност за вашиот живот. Сами создавајте си ја среќата преку подготовки и позитивни дела.

4. Самомотивација

Мотивирајте се со тоа што ќе се фокусирате на наградите и на крајниот резултат. Заборавете на неуспехот.

5. Очекување

Бидете воодушевени од сè и дозволете му на тоа чувство да ги зарази сите околу вас.

6. Слика за себе

Проектирајте ја вашата креативна имагинација и секогаш гледајте позитивно на нештата што сакате да ги привлечете.

7. Самонасочување

Запишете ги вашите цели на лист хартија и споделете ги со оние коишто можат да ви помогнат да ги постигнете.

8. Разговор со себе

Научете постојано да си зборувате позитивно. Кога сте релаксирани визуализирајте се како уживате и ја исполнувате секоја задача која ве очекува. Завршете ги сите проекти кои ги започнувате и кажете си: „Јас делувам сега“.

9. Проектирање

Проектирајте се како победник кој создава и други победници.

10. Делување

Делувајте сега!

Ако ви е потребно малку мотивирање, овие кратки пораки ќе ви го дадат токму тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар