Што продава? Сексот!

Сексот продава, и тоа е така од памтивека. Од автомобили, облека, шминка па дури и храна, разголените атрибути, најчесто на женското тело, се оние кои ја вршат продажбата. Гола нога, стомак, гради или задник – нема подобра маркетинг кампања. Со разголеност можеш да продадеш и автомобил и пире.Што продава? Сексот!Многу археолошки пронајдоци може да ве поттикнат на размислување дека перверзниот ум не е новост од 21-иот век (уху, баш напротив). Токму фигурата на Вилендрофската Венера некои ја интерпретираат како доказ колку човечкиот ум уште од многу одамна бил опседнат со сексот и со истакнатите атрибути на човековото тело. Сега се прашувам, ако денеска се гледаат порно филмови, дали ваквите статуи биле супституција за порничите во времето на палеолитот? Ок, шала на страна…

Sunrise на Simply red ми е една од омилените песни и секогаш се наоѓа на листите кои си ги слушам по дома, но едно нешто не ми е јасно. Кога текстот е толку прекрасен, а и вокалните способности на музичарот исто така, зошто им биле полуголи девојки во спотов? А не е единствен пример. Ги има многу. Рапери со „валкани“ стихови и разголени девојки, ок, можам да ги поврзам точките, ама зошто тој некој настран музички менаџер би помислил дека една ваква песна треба да биде промовирана со разголеност кога сама по себе има потенцијал да биде вистински евергрин?

Разголеноста е само уште една маркетиншка финта за да се привлече вниманието на јавноста. Експлицитни фотографии, контроверзни натписи, тоа е она што продава.Што продава? Сексот!Кога сме биле мали сме сонувале да бидеме балерини, учителки, пилоти и што уште не. Ама се сомневам дека во листата на желби некои девојчиња навеле дека сакаат да ги тресат задниците покрај некој рапер за да му помогнат да има гледаност, а воедно за цела јавност да им се насладува. Жалосно е што младите повеќе тежнеат кон промоција на своето тело наместо на својот памет.

Ова упорно ме наведува на размислување. Проститутките јавно си кажуваат што се и дека си имаат тарифа за сопственото тело. А што мислите, јавната разголеност не е продавање? Тој што ги излажал тие девојки, да им ги врати парите.

Ели



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар