Индиска крем салата со многу зеленчук

Индиска крем салата со многу зеленчук

Превкусен прилог кој можете да го послужите со секаков ручек…Индиска крем салата со многу зеленчукПотребни состојки:

  • 235 г павлака
  • 1 среден морков, исечкан
  • 1 бабура (црвена, жолта или зелена), исечкана
  • 1 средна краставица, излупена и исечкана
  • 1 среден домат, исечкан
  • 1 мал кромид, ситно исечкан
  • ¼ лажиче бибер
  • ½ лажиче мелен ким
  • сол

Начин на подготовка:

1. Павлаката изматете ја со жица додека не стане пенеста.
2. Додадете ги зачините и повторно убаво измешајте.
3. Додадете го целиот зеленчук и промешајте го со павлаката.
4. Пробајте и додадете уште зачин доколку е потребно.
5. Послужете веднаш.Индиска крем салата со многу зеленчук


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.