Секси кожа со само неколку едноставни трикови

Секси кожа со само неколку едноставни трикови

Гените и начинот на живеење со сигурност имаат врска со изгледот на вашата кожа, но сепак има некои работи кои можете да ги спречите. Ова се неколку брзи трикови со кои можете да ја победите сувата и оштетена кожа.

Бидете нежни

Кожата на вратот, градите и стомакот е сензитивна, па затоа спрема неа бидете нежни. Лесно тријте ја со гел за туширање или со сапун и не користете никакви средства за пилинг на овие места.

Бидете груби

Лактите, колениците и петите се места со кои можете, но и морате да бидете малку погруби. Не очекувајте солидни резултати, без малку напор и болка.

Како до сјај на кожата?

Во купката за капење ставете неколку капки масло за нега на кожа. Маслото ќе ѝ даде сјај и хидратација на кожата. После капењето убаво избришете се со пешкир.

Како до гламурозна кожа?

Намачкајте го телото со хидратантен лосион, а врз него нанесете бронзена пудра и изедначете го со брзи потези со дланките.

Хидратација

Никогаш не заборавајте колку е важно постојано да се мачкате со лосиони и креми.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар