Сè што треба да знаете ако вашето дете е левучар

Не е лесно да се биде левучар во свет на десничари. Родителите може да одредат која рака е доминантна кај детето кога тоа е помеѓу 2 и 3 години. Некои деца не се развиваат како левучари сè до нивната петта година, периодот кога почнуваат да држат молив и да учат да пишуваат. Што треба да знаете ако вашето дете е левучар? Како можете да му помогнете?

raboti-za-levusharite-koi-e-dobro-da-gi-znaete-kafepauza.mk

  • Имајте на ум дека помеѓу 5% и 10% од населението се левучари. Ова е нешто со кое се родени. Научниците дури сметаат дека се наследува ген за доминантна рака. Па, ако едниот од родителите е левучар, големи се шансите и едно од децата да биде.
  • Никогаш не се обидувајте да ја промените доминантната рака на детето. Нема ништо погрешно во користење на левата наместо десната рака.
  • Кажете им на наставниците дека детето е левучар. На овој начин наставниците може да направат распоред во седење така што детето нема да се удира со неговите соученици што пишуваат со десната рака.
  • Набавете триаголни или моливи со 6 страни. На левучарите овие им се позгодни за држење.
  • Набавете пенкала кои брзо се сушат. Левучарите секогаш ја ставаат раката врз напишаното кога пишуваат, и на овој начин си ги валкаат дланките.
  • Купувајте работи наменети за левучари. Работи кои се едноставни како сечењето хартија може да бидат вистински предизвик кога не одговараат на нивната рака.

Не ги терајте децата да се чувствуваат поразлично од нивните пријатели. Тоа што се левучари не значи дека нешто не е во ред со нив. Научете го да ја прифати неговата уникатност. Да се живее во свет каде ништо не е направено според вас може да биде комплицирано. Но со доволно трпение, сè може да се научи.

Погледнете и зошто левучарите се најдобрите партнери.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар