Психолозите откриваат: Постојат само 3 причини зошто немате самодоверба

Недостатокот на самодоверба може да има многу негативно влијание на секој сегмент од нашиот живот. Несамоуверените луѓе не се осмелуваат да преземат ризици и остануваат заглавени во зоната на удобност што ги спречува да напредуваат во животот. Токму поради тоа, многу е важно постојано да работиме на себе и нашата самодоверба. Психологот Мелани Гринберг верува дека постојат три главни причини за овој проблем. Секоја од нив може успешно да се надмине, но за да го направиме тоа, мораме прво да го откриеме изворот на нашите стравови. Доколку ви е потребно зголемување на самодовербата прочитајте ги единствените три причини за нејзиниот недостаток и применете ги следниве психолошки совети за да можете да се претворите во самоуверената успешна личност која отсекогаш сте посакувале да бидете…

Психолозите откриваат: Постојат само 3 причини зошто немате самодоверба

Психолозите кои го истражувале феноменот среќа дознале дека таа зависи 40% од скорешните настани во нашиот живот. Раскинувањето на врската, смртта на некој близок, добивањето отказ од работа и тешките болести имаат најнегативно влијание на среќата. Со оглед на тоа што среќата влијае врз нашето мислење за себеси, сосема возможно е нашата самодоверба да се намали како последица од неодамнешно лошо искуство. Психологот Гај Винч во неговата книга „Емоционална прва помош“ (Emotional First Aid) тврди дека луѓето кои имаат ниско мислење за себеси долго време се измачуваат поради нивните неуспеси.

„Кога ќе добиеме отказ од работа, на пример, тоа доведува до раѓање на нашите поранешни мисли кои ни велат дека не вредиме и тие стануваат сѐ посилни и посилни“, пишува тој.

Важно е да се разбере дека неуспехот е дел од животот. Абрахам Линколн пред да стане претседател останал без работа и два пати се обидел да стане член на Конгресот, но не успеал. Доколку еден човек успее да ја оствари својата цел и покрај неуспесите што ги доживеал, тоа може да доведе до значително зголемување на самодовербата…

Како да ја надминете ниската самодоверба предизвикана од неуспех?

  • Дајте си време да се прилагодите на новите околности.
  • Не се изолирајте. Наместо тоа, продолжете да го правите она што ви е интересно.
  • Повеќе разговарајте со вашите пријатели и семејството за да ги спречите негативните мисли и да се чувствувате посигурно.
  • Разговарајте за вашите неуспеси со луѓето во кои имате доверба.
  • Не се откажувајте и тврдоглаво обидувајте се да ја постигнете вашата цел.
  • Сменете ја вашата стратегија.

Психолозите откриваат: Постојат само 3 причини зошто немате самодоверба

Разбирливо е тоа што многумина од нас стануваат нервозни кога треба да зборуваат со луѓе што не ги познаваат на забави, семејни собири и интервјуа за работа. Се плашиме дека ќе оставиме негативен впечаток и дека луѓето ќе ги забележат само нашите недостатоци. Тоа доведува до губење на самодовербата. Речиси секој од нас имал негативно искуство при комуникацијата со другите. Можеби ве одбила симпатијата или соучениците ве исмевале на училиште, но стравот од социјална интеракција и одбивање што се јавува како последица, продолжува да се манифестира и во понатамошниот живот на возрасните. Корените на овој страв може да се уште подлабоки доколку родителите ве споредувале со вашите врсници на негативен начин, ве критикувале или не биле импресионирани од вашиот успех.

Недостатокот на самодоверба е поттикнат и од нашето погрешно верување дека луѓето околу нас премногу се интересираат за нашите карактерни особини. Но, во реалноста, повеќето луѓе се фокусираат само на себе и не формираат негативно мислење за вашето однесување. Кога луѓето донесуваат заклучок за некој друг, тие обично на тој начин се обидуваат да си ја зголемат сопствената самодоверба со тоа што ќе критикуваат. Оваа проценка е површна и навистина не вреди да се грижите за неа.

Како да го надминете стравот од социјална интеракција?

  • Разговарајте со вашиот суров внатрешен критичар. Потсетете се на вашите позитивни страни. Можеби имате добра смисла за хумор, можеби сте лојален пријател или талентиран уметник. Што и да е, сигурно поседувате некој квалитет поради кој можете да се гордеете со себе.
  • Доколку морате да зборувате со луѓе кои не ги познавате добро, смислете си однапред неколку теми за разговор.
  • Доколку се обидувате да ја одбегнете социјалната интеракција, само ќе ги влошите работите. Отидете на забавата или на љубовниот состанок што ви создаваат толку стрес. Во овој случај многу е важно искуството, а тоа ќе го добиете само ако се изложувате на такви ситуации.
  • Поставете си реалистични цели. Краток разговор со неколку непознати луѓе на забава е одличен прв чекор.
  • Концертирајте се на другите луѓе. Набљудувајте како тие ги искажуваат нивните емоции и што велат. Тоа ќе ви го одвлече вниманието од вашите сопствени чувства и ќе ви помогне да научите нови техники на комуникација со луѓето.

Психолозите откриваат: Постојат само 3 причини зошто немате самодоверба

Некои луѓе си поставуваат многу високи критериуми. Убедени се дека мора да добиваат највисоки оценки, да имаат најталентирани деца, најубав дечко или девојка, најдобра работа… За жал, работите во животот понекогаш не излегуваат онака како што сме си ги замислиле и не зависи сѐ само од нас. Постојат нешта што не можете да ги контролирате: Вашиот неподнослив шеф, гените, однесувањето на другите луѓе и слично. Доколку постојано се разочарувате поради тоа што не сте толку совршени колку што посакувате, еден ден целосно ќе ја изгубите вашата самодоверба. Тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми: депресија, несоница, нарушувања во исхраната и хроничен умор.

Како да го победите перфекционизмот?

  • Оценувајте се според вложениот труд (што зависи само од вашата одлучност и волја за промена), а не според резултатите од вашите дејства (што најчесто не зависи од вас).
  • Поставете си го следново прашање: Кога би биле 10% посовршени во која било област од животот, дали со сигурност би го постигнале посакуваниот резултат? Ако одговорот е „не“, тогаш навистина не вреди да си трошите време и енергија за тоа.
  • Перфекционизмот се гради на принципот „сѐ или ништо“. Обидете се да разберете дека во животот не е сѐ црно и бело, туку дека постојат и нијанси на сиво. Дали ги земате предвид околностите кога се критикувате себеси? Дали сте научиле нешто ново дури и кога не сте постигнале идеални резултати?
  • Перфекционистите никогаш немаат стабилно мислење за себеси. Среќни се кога сѐ во животот се одвива по планот и се мразат себеси кога не е сѐ идеално. Научете да се сакате себеси без оглед на работите што се случуваат.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар