Поради овие причини реалната љубов се разликува од нашите очекувања

Поради овие причини реалната љубов се разликува од нашите очекувања

Реалноста на љубовта не се состои само во чувствата, кои се развиваат спонтано, но исто така и се гасат. Ние треба да го одржуваме тој однос, кој вклучува и лоши периоди, соочување со погрешни мислења и постојано поддржување на партнерот за кој искрено се грижиме.

Љубовта не доаѓа сама, како некоја сила која може да ги реши сите работи, освен на самиот почеток. А кога таа ќе го изврши својот идеалистички дел од работата, мораме со сопствени сили да се соочиме со реалноста. Често ја немаме таа сила, па мислиме дека сме погрешиле, дека сме ја сакале погрешната личност и дека следниот пат ќе биде подобро. Но, следниот пат ќе го полагаме истиот испит на кој веќе сме паднале.

1-poradi-ovie-prichini-realnata-ljubov-se-razlikuva-od-nashite-ochekuvanja-www.kafepauza.mk_

1. Не ни се допаѓа она што го гледаме околу нас

Набљудувајќи ги нашите родители и сите останати парови во нашето опкружување, заклучуваме дека тоа не е вистинското нешто, дека всушност меѓу нив нема вистинска љубов. Љубовта не треба да биде она што го гледаме – напнување, карање, компромиси, периоди на оддалечување, недоразбирања, повредување. Воопшто не ни се допаѓа она што го гледаме и заклучуваме дека тоа не е љубов.

Ние не сме во состојба да разбереме зошто луѓето не можат да се снајдат во својата врска и зошто сепак остануваат заедно кога пропаѓаат во своите обиди и борби. Не земаме предвид дека тие започнале заљубени и понесени од нивните емоции и дека никогаш не ги научиле потребните вештини за одржување на односот и продлабочување на блискоста, бидејќи верувале дека љубовта може да ја исправи секоја неправилност и да ја пополни секоја пукнатина. Но, за љубовта да стане толку силен градежен материјал потребно е многу практична и напорна работа, а тоа е она што не го гледаме во односите помеѓу другите.

2. Ги пронаоѓаме нашите идоли во литературата и филмовите

Кога не ни се допаѓа реалноста, го бараме она што е по наша мерка во креативната околина наместо во реалниот свет, во приказните за голема љубов, во среќните краеви и шаблони кои ги прифаќаме како идеали. И токму со нив ја мериме реалноста. Но километрите не можеме да ги измериме со домашна вага. За мерење на реалноста потребни се соодветните мерни единици, како што се: разбирање, прифаќање, прилагодување, отвореност и ранливост во однос на партнерот, како и грижа кон него, но и кон себе.

3. Мислиме дека ќе можеме подобро од другите

И можеме, ако ги развиеме соодветните вештини, ако се описмениме емотивно и започнеме да живееме во реалноста и практиката. Затоа најпрво треба да ги искусиме грешките и неуспехот, баш како и сите други.

2-poradi-ovie-prichini-realnata-ljubov-se-razlikuva-od-nashite-ochekuvanja-www.kafepauza.mk_

4. Не го наоѓаме во другите она што го немаме во себе

Една мудрост вели дека треба да го дадеме на другите она што нам ни треба најмногу, бидејќи само така ќе го имаме во изобилство, а тоа е начинот за да ги нарачаме специјалитетите од космичката кујна на нашата трпеза. А ние се однесуваме потполно обратно – го бараме во другите она што нас ни недостига, што го немаме во себе и што мислиме дека може да го примаме и да го вградиме во себе, ако некој тоа ни го пружи. Работите едноставно не одат така. Тоа е фокусирање на немањето, кое води до очај, а ниту еден очај во љубовта не пронашол нешто друго освен очај.

5. Не очекуваме дека треба да се промениме

Нашето его не прави ништо кога некој друг се менува со цел да се прилагоди на нас, но кога истото се очекува од нас, односно кога ние треба да направиме промена, сè во нас се побунува и прави воен распоред. Спремни сме да се браниме. Мислиме дека е нелогично. Зошто ние да се менуваме? Освен ако не поради тоа што промената е закон на животот во кој нема дупка низ која би ги впериле нашите пушки за одбрана и би пукале.

Љубовта не е борба, туку преговарање. Правење отстапки. Броење до десет и преземање одговорност. Слушање и сфаќање. Решавање на проблемите без насилство, огорченост, омаловажување и бес. Ставање на заедништвото пред сопствените убедувања и наредувања од околината. А промената за која не сакаме да знаеме се нарекува созревање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар