Полека, но сигурно: 3 есенски трендови во шминкањето кои го освојуваат светот

Ова е идеално време за да внесете неколку новини во вашето шминкање. Погледнете кои нијанси на кармин се во мода и како најдобрите шминкери во светот го користат моливот за очи оваа сезона.

1-poleka-no-sigurno-3-esenski-trenda-vo-shminkanjeto-koi-go-osvojuvaat-svetot-www.kafeppauza.mk_

1. Ајлајнерот и креонот се задолжителен детаљ веќе неколку сезони, но кон крајот на 2015 година ги дочекуваме со уште поинтересна употреба – молив за очи наместо сенка за очи.

На трендсетерките кои со внимание ја следеа Њујоршката модна недела, не им „избега“ стилот кој го има Мара Хофман, а со сигурност ќе ви се допадне и вам – во самиот преклоп на капакот нацртајте полна линија со моливот за очи, а потоа „блендајте“ со останатите сенки за очи.

Backstage at the Anna Sui Spring/Summer 2016 fashion show during New York Fashion Week at The Arc, Skylight at Moynihan Station in New York City. Hair by Garren; Make-Up: Pat McGrath; Anna Sui Cosmetics and Manicures by Albion; Hose by Anna Sui Legwear by Leg Resource; Shoes Hush Puppies for Anna Sui; Production and Press by KCD. © Le Poulin, Image: 259090752, License: Rights-managed, Restrictions: Not available for license and invoicing to customers located in the United Arab Emirates., Model Release: no, Credit line: Profimedia, Corbis

2. Друга новост од модните недели е темниот, впечатлив кармин. Светските шминкери предлагаат мат кармини, и тоа во црвена, неутрална и боја на вино. Интензивните кармини нè враќаат во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

USA - Anna Sui Spring 2016 Fashion Show at New York Fashion Week in New York City USA - Anna Sui Spring 2016 Fashion Show at New York Fashion Week in New York City

3. Кога е во прашање сенката за очи, бојата која се наоѓа на првото место е бронзената, а веднаш по неа е нијансата на старо злато. Дамите ширум светот со сигурност брзо ќе го прифатат овој тренд, бидејќи без разлика дали вашите очи се зелени, сини или кафеави, сенката за очи во овие нијанси ќе го зголеми нивниот сјај.

Конечно – линијата во коренот на трепките е задолжителна за крајот на 2015 година. Дали ќе се одлучите и овде да го повторите моливот за очи или пак ќе бидете повешти со ајлајнерот, изборот е само ваш.

5-poleka-no-sigurno-3-esenski-trendovi-vo-shminkanjeto-koi-go-osvojuvaat-svetot-kafepauza.mk 6-poleka-no-sigurno-3-esenski-trendovi-vo-shminkanjeto-koi-go-osvojuvaat-svetot-kafepauza.mk

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар