Подобрете ја самодовербата со помош на вашата имагинација

Нашата имагинација може да биде многу моќно оружје при промените во нашиот живот. Најчесто нашите најголеми ограничувања не се во нештата кои сакаме да ги направиме, туку во оние за кои никогаш не сме размислувале. Со употребата на имагинацијата, ние можеме да пронајдеме нови можности и нови начини за живеење. На пример, како би се чувствувале доколку бевте личност со малку поголема самодоверба?

Подобрете ја самодовербата со помош на вашата имагинација

Ова е одлично прашање кое секој би требало да си го постави. Тоа ќе ви помогне да дефинирате што точно значи самодовербата за вас. И исто така ќе ја активира и вашата имагинација за да ви помогне во размислувањето и ќе ве натера веднаш да се почувствувате како личност со поголема самодоверба.

Затворете ги очите и размислете подобро за наредниве неколку прашања. Ако имавте поголема самодоверба:

  • како поразлично би размислувале од сега?
  • како поразлично би дејствувале од сега?
  • како поразлично би се чувствувале од сега?

Откако ќе ги одговорите прашањата, можете да поминете и на наредниот чекор. Пронајдете одредена област од вашиот живот каде што би сакале да бидете со поголема самодоверба – во домот, на работа, во дискотека, или на кое било друго место. Потоа замислете како би се однесувале доколку имате поголема самодоверба. Како би размислувале и како би се чувствувале? Што би направиле ако забележите девојка или момче со кои би сакале да разговарате? Како би ја одржале својата презентација на работа?

Замислувањето на овие сценарија може да биде одлична ментална вежба. Таа ќе го подготви вашиот мозок и во реална ситуација да размислува и да се однесува на начинот кој сте го замислиле. Можете да ја подобрите оваа ментална вежба така што ќе внесете повеќе ситуации и повеќе имагинација во однос на видот, слухот, допирот, вкусот и миризбата. Не обесхрабрувајте се ако не ви успее од прва, за ова е потребно вежбање. Идејата е што подетално да ја замислите ситуацијата, за потоа да можете така и да се однесувате во секојдневниот живот. Едноставно научете го вашиот мозок како да размислува со поголема самодоверба и потоа и вие самите ќе се однесувате на истиот начин.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар