Подгответе се за опуштен викенд со помош на овие 8 препораки

Подгответе се за опуштен викенд со помош на овие 8 препораки

Ако сте имале напорна работна недела, тогаш време е да направите вистинска пауза и да си ги наполните батериите. Дури и ако мислите дека два дена нема да сменат ништо, дајте си шанса да се обидете. Верувајте ни, ќе ни бидете многу благодарни во понеделник!

1. Петочно размазување

Единственото нешто што ќе ви биде потребно вечерва е топла бања, книга или филм и чоколаден пијалак.

2. Удобна облека

Во текот на следните два дена, носете го само тоа што ви е удобно (или едноставно не носете ништо и уживајте во своето голо тело!), без разлика дали ќе бидете дома или ќе излезете некаде.

3. Немојте да гледате телевизија

Овој викенд прескокнете го бесцелното седење пред телевизор и вистински одморете го вашиот ум. Одете на прошетка, седете на тераса или во двор, гответе, правете нешто креативно…

4. Разбудете се без аларм

Спијте додека вашето тело само не ве разбуди! И откако ќе ги отворите очите, поминете барем уште саат време во удобната, мека и топла постела, без да гледате во електронски уреди.

(2) podgotvete-se-za-opushten-vikend-so-pomosh-na-ovie-8-preporaki-www.kafepauza.mk

5. Вежбајте

Ако вежбате активно, не го прекинувајте редовниот тренинг. Ако немате таква навика, тогаш излезете од дома и трчајте или планинарете. На овој начин значително ќе си го подобрите здравјето, и ќе се наполните со многу позитивна енергија.

6. Поминете време со најблиските

Ако сакате навистина да си ги наполните батериите и да впиете што е можно повеќе позитивна енергија во себе, тогаш најдобриот начин да го направите тоа е дружба со најблиските. Овој викенд одвојте време и за семејството, пријателите, како и за домашните миленичиња кои се голем дел од вашиот живот.

7. Слушајте музика

И танцувајте како никој да не ве гледа! Нема подобар начин на опуштање од омилената музика. Особено ако периодов сте биле толку зафатени, што не сте имале можност да ја чуете ни најновата песна од омилениот бенд.

8. Влезете во автомобилот и одете на излет

Спакувајте еден оброк заедно со шише вода, влезете во автомобилот и возете сè додека не најдете прекрасен природен пејзаж. Не ја одредувајте целта однапред, уживајте во авантурата и потоа одморете под отворено небо на новооткриената локација.

(3) podgotvete-se-za-opushten-vikend-so-pomosh-na-ovie-8-preporaki-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар