Овие 5 професии набрзо ќе исчезнат: Дали и вашата кариера се наоѓа на листата?

Технолошката револуција нема наскоро да престане, и иако таа го води човештвото нанапред, сепак има и несакани последици, како на пример, исчезнување на некои добро познати професии. Нема сомнеж дека модерната доба носи новитети кога е во прашање начинот на живеење, па многумина од вас ќе се изненадат од фактот дека одредени занимања во иднина повеќе нема да бидат актуелни и ќе престанат да постојат. Дали и вашето е помеѓу нив?

1-ovie-5-zanimanja-naskoro-kje-ischeznat-dali-e-vasheto-pomegju-niv-www.kafepauza.mk_

1. Сметководител

И сега е скоро незамисливо да поверувате дека во големите фирми повеќе нема да има личност која ќе се занимава со оваа работа. Вистина е дека технологијата напредува со толкава брзина, што за две децении личноста која работела во фирмата и ја носела титулата сметководител, во иднина ќе ја замени компјутер. Даноците и таксите ќе може да се решаваат онлајн, по пат на Интернет.

2. Туристички работници

И овие занимања во блиска иднина ќе бидат заменети со технологијата. Никому нема да му биде потребна личност која ќе ги резервира и чекира картите или која ќе продава туристички аранжмани. Заинтересираните во врска со сѐ ќе може да се информираат по пат на веб-сајтови и ќе можат самите онлајн да резервираат летови, хотелски соби и слично.

3. Новинари

Традиционалните медиуми, како радио, весник и телевизија одамна се надминати од Интернетот, а предвидувањата за тоа уште колку ќе постојат старите медиуми и понатаму се актуелни. Кога промената во медиумите дефинитивно ќе се случи е сѐ уште неизвесно, но она што е сигурно е дека сѐ повеќе позиции во печатените медиуми се укинуваат, додека оние кои работат во телевизија се помалку барани со оглед на динамичниот развој и пренесувањето на информациите по пат на социјалните мрежи.

2-ovie-5-zanimanja-naskoro-kje-ischeznat-dali-e-vasheto-pomegju-niv-www.kafepauza.mk_

4. Аптекари

Наместо човекот, оваа работа во иднина ќе ја извршува робот. Многу аптеки во светот уште сега работат на тоа да се избираат лекови преку Интернет, а издавањето на лековите и продажбата на истите да ја врши машина, бидејќи тоа е поевтино решение отколку да се плаќаат фармацевти чии плати се високи насекаде во светот.

5. Библиотекари

Во блиското минато, учениците и студентите за секоја задача или потребна информација трчаа во библиотеката, а сега се информираат онлајн. Информации за книжевноста, музиката, спортот и другите стручни области повеќе не ги бараме во книгите туку на веб-сајтовите. Сето ова води до намалени потреби за библиотекари, а за редукцијата на работници на оваа позиција во прилог оди и дигитализираната архива во поголемиот дел од денешните библиотеки.

Совет: За да бидете подготвени и постојано да го усовршувате вашите работни способности, погледнете кои работни вештини ќе се бараат во иднина.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар