Мудроста на Тич Нат Хан: Што е поважно од љубовта за да опстои врската?

Сигурно честопати се прашувате која е тајната за среќната љубовна врска. Ако размислувате како повеќето луѓе, веројатно мислите дека тоа е љубовта. Доколку партнерите се соочат со некакви проблеми, љубовта што постои меѓу нив ќе им помогне да ги совладаат сите пречки, се согласувате? Зен мастерот Тич Нат Хан има поинакво гледиште на оваа тема. Според него, треба да се случи нешто многу поважно пред да можете навистина да го сакате вашиот партнерот.

Мудроста на Тич Нат Хан: Што е поважно од љубовта за да опстои врската?

Тич Нат Хан верува дека разбирањето и одвојувањето време за саканите се од големо значење за опстанокот на врската. Во продолжение прочитајте ги неговите мудри зборови за љубовта и врските…

Навистина мора да ја разбереме личноста што сакаме да ја љубиме. Ако нашата љубов се состои од желбата да поседуваме некого, тоа не е љубов. Ако мислиме само на себе, ако ги познаваме само нашите потреби и ги игнорираме потребите на другата личност, тогаш не можеме да љубиме. Мора да погледнеме длабоко за да ги видиме и разбереме потребите, амбициите и страдањата на личноста која ја сакаме. Тоа е основата на вистинската љубов. Не можете а да не сакате некого кого целосно го разбирате.

Одвреме-навреме, седете блиску до вашите сакани, држете ги за рака и прашајте ги „Драги/Драга, дали те разбирам доволно? Или пак страдаш поради мене? Те молам кажи ми за да можам да научам да те љубам како што треба. Не сакам да страдаш, но ако дошло до тоа, причината била моето незнаење. Те молам кажи ми го тоа за да можам да те сакам подобро, за да бидеш среќен/среќна.“ Ако го кажете ова со глас што искажува вистинска отвореност и желба за разбирање, другата личност може дури и да заплаче. Тоа е добар знак, бидејќи тоа значи дека вратата кон разбирањето се отвора и сѐ ќе биде повторно возможно.

Можеби еден татко нема доволно време или не е доволно храбар да му го постави ова прашање на син му. Тогаш, нивната љубов нема да биде толку целосна колку што би можела да биде. Потребна е голема храброст за да се постават овие прашања, но ако не ги поставиме, колку повеќе ги сакаме толку повеќе можеме да ги уништиме луѓето кои се обидуваме да ги сакаме. На вистинската љубов ѝ треба разбирање. Со помош на разбирањето, саканата личност несомнено ќе процвета.

Мудроста на Тич Нат Хан: Што е поважно од љубовта за да опстои врската?

Тич Нат Хан исто така смета дека ако нема разбирање, ние ќе почнеме да си ги обвинуваме партнерите поради нивните слабости, а тоа ќе создаде негативна енергија во врската. Наместо тоа, доколку сакаме да се смениме и да растеме, мора да имаме разбирање.

Кога ќе посадите растение, ако тоа не порасне како што треба, нема да го обвинувате растението. Ги барате причините зошто растението не расте. Можеби му треба подобра земја или повеќе вода или помалку сонце. Никогаш не го обвинувате растението. Сепак, кога имаме проблеми со нашите пријатели или семејство, секогаш ја обвинуваме другата личност. Но, кога би знаеле како да се грижиме за нив, тие би пораснале правилно, исто како и растението.

Обвинувањето нема никакво позитивно влијание, ниту пак обидите да убедите некого со помош на причини и аргументи. Такво е моето искуство. Ниту обвинувањето, ниту аргументите, ниту убедувањето – само разбирањето. Ако разбирате и покажете дека разбирате, ќе можете да сакате и ситуацијата ќе се промени.

Доколку сакате да научите уште нешто од учителот Тич Нат Хан, прочитајте ги и неговите 12 зен мудрости.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар