Крими хороскоп: Каков криминалец е вашиот хороскопски знак?

ФБИ води прецизна статистика за сторителите на кривични дела. Каква е поврзаноста меѓу таа статистика и вашиот хороскопски знак?

Крими хороскоп: каков криминалец е вашиот хороскопски знак?

Овен

Според статистиката што ја води ФБИ, Овните поседуваат најмногу оружје. Своите криминални активности ги извршуваат наоружани до заби и по договор, односно другите ги плаќаат за тоа. Најчесто се рекетари, уценувачи или платени убијци.

Бик

Биковите се вториот знак на листата со најголеми криминални способности. Нив најбитно им е криминалот да им носи многу пари. Сè додека е тоа така, не им е важно дали тоа е перење пари или кражба на луксузни предмети. Најчесто работат сами за да го намалат ризикот од откривање, а од таа причина и не се фалат. Ако ги фатат на дело, тие ќе покажат каење велејќи дека не можеле да одолеат на парите.

Близнаци

Близнаците се на самото дно на листата на уапсени, но тоа не значи и дека не се добри криминалци. Тие се родени измамници. Близнаците не се луѓе кои им се закануваат на другите. Нивното оружје се лажните ветувања. Кога ќе ги фатат, се обидуваат да се спасат како знаат и умеат, честопати и со издавање на имињата на своите соработници. Но не треба да ве чуди ако и тогаш излажат.

Рак

Статистиката на ФБИ вели дека најмногу криминалци има меѓу родените во овој знак. Склони се на насилство и психички растројства, а најчесто се убијци кои делото го вршат поради одмазда. Тешко го контролираат својот темперамент и се првите кои би го убиле шефот доколку им даде отказ. Делуваат изгубено штом ги фатат, иако и понатаму сметаат дека нивните жртви си го заслужиле тоа.

Лав

Лавовите се најмалку склони кон криминал меѓу огнените знаци. Ако се вклучат во такви активности, тоа ќе го сторат со големо внимание. Затоа Лавовите важат за опасни и ладнокрвни криминалци. Нема да ја ризикуваат својата слобода поради ситни кривични дела како кражби. Ако веќе влегуваат во криминал, тоа ќе го сторат поради многу пари и слава.

Девица

После Овните, Девиците се оние кои носат најмногу оружје. Склони се кон финансискиот криминал, па затоа честопати се хакери, измамници или провалници. Секогаш прават добри планови, но ако ги фатат брзо го признаваат делото.

Вага

Вагите се најголемите криминалци меѓу воздушните знаци. Непотизмот, корупцијата и наместените тендери се нивна специјалност. Промислени се и лесно ги менаџираат своите соработници, како и луѓето на кои им даваат или од кои земаат мито. Знаат како да ги пуштат своите пипки на сите страни, па поради силните врски знаат да се извлечат дури и ако ги фатат.

Скорпија

Скорпиите се дури деветти најопасни криминалци на листата на ФБИ, но и покрај тоа водат на листата на платени убијци и криминалци – психопати. Во криминалот влегуваат безмилосно. Повреденото его и љубомората се исто така често причинители на нивните кривични дела.

Стрелец

Трети се на листата на криминалци, но најчесто ги фаќаат. Учествуваат во измами и грабежи и се доста вешти во тоа. Тие ретко ги повредуваат своите жртви, што говори за тоа дека во криминалот влегуваат исклучиво од финансиски мотиви.

Јарец

Јарците се сестрани криминалци. Нивната вродена амбициозност ги тера да целат на големи нешта кога влегуваат во криминалните води. Своето место го наоѓаат во финансискиот криминал, а најголем број на уапсени од организиран криминал припаѓаат на овој знак. Користат туѓи услуги за да ги извршат своите криминални дела и знаат добро да ги прикријат трагите.

Водолија

Тие не се големи криминалци. Се наоѓаат дури на единаесеттото место на листата на ФБИ. Најчесто се хакери или водачи на секти кои од своите „верници“ вадат пари. И желбата за одмазда може да ги натера на криминал.

Риби

Тие се најдобрите шверцери во зодијакот. Би шверцувале што било: дрога, цигари, ретки животни или луѓе. Покрај тоа сакаат да се занимаваат и со продавање дрога. Тие се осми најопасни криминалци, а кога ќе одат в затвор се поврзуваат со други и од мали стануваат големи криминалци.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Marija Reply

    Два пати имате Рак … Поправете си ја грешката …

Остави коментар