Моќта на законот за привлекување: Дали во вашиот живот владеат високи или ниски вибрации?

Сè е составено од енергија која се разликува во количината и квалитетот. Она што е најважно е што таа вибрација, висока или ниска, може да влијае на начинот на кој го користите законот за привлекување. Со неа можете успешно да ги манифестирате своите цели.

32-glavni-znaci-za-visoki-i-niski-vibracii-kafepauza.mk

Високата вибрација е поврзана со позитивноста, љубовта, сочувството и мирот. Ниската вибрација е поврзана со стравот, тагата и депресијата. Колку е повисока вибрацијата, толку сте поспособни да ги манифестирате вашите желби. Постојат неколку начини за подигање на вашата вибрација, но важно е да знаете каква е онаа што ја имате во моментот.

Кога е можно е да имате ниска вибрација?

  • Се чувствувате како да немате вистинска насока. Се чувствувате парализирано кога мислите на иднината.
  • Се обидувате да ги потиснете чувствата како љубомора и завист.
  • Иако сметате дека физички сè е во ред со вас, сепак се чувствувате уморно и после квалитетен сон.
  • Не знаете што сакате од животот и кои се вашите главни цели.
  • Чувствувате дека не ве интересира што ви се случува, или пак повеќе се грижите за другите отколку за себе.
  • Секогаш се чувствувате виновни за нешто.
  • Можете да се опишете како цинична личност.
  • Размислувате како да сте центар на универзумот и не размислувате како вашите постапки влијаат на другите.
  • Премногу се жалите.
  • Тешко ви е да ја видите убавината во животот.
  • Имате многу лоши навики кои сакате да ги промените, но се чувствувате како никогаш да нема да се случи тоа.
  • Постојано се карате со другите.
  • Немате физичка кондиција и немате енергија за тренинг или спорт.
  • Вашиот ум постојано наоѓа негативни страни во вашите планови.
  • Тешко ви е да простите, без разлика дали станува збор за себе или за некој друг.
  • Ги трошите ресурсите на другите, па секогаш ви се потребни повеќе.

Кога е можно да имате висока вибрација?

  • Вие сте личност која размислува за себе и ги разбирате вашите мотиви, чувства и мисли.
  • Живеете во сегашниот момент наместо опсесивно да размислувате за минатото или да се грижите за иднината.
  • Имате стабилно расположение. Вие сте личност со емоционална рамнотежа.
  • Дисциплинирани сте и секогаш ги извршувате своите обврски.
  • Имате изразена емпатија.
  • Често сте благодарни за она што го имате, за луѓето и за искуствата во вашиот живот.
  • Вие сте грижлива личност и можете да се грижите и за себе и за другите.
  • Многу сте креативни и полни сте со инспирација.
  • Вие сте во хармонија со вашето тело и знаете што му е потребно.
  • Не се грижите премногу за пречките, особено ако тие не се во ваша контрола.

Погледнете ги и знаците на предупредување кои ви ги праќа универзумот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар