10 знаци на предупредување што ви ги праќа универзумот кога ќе тргнете во погрешна насока

Многумина веруваат дека некои работи се случуваат без особена причина, но ако почнеме да си ја слушаме интуицијата, ќе сфатиме дека сѐ што ни се случува е наше сопствено дело. Можеби не сме свесни дека ние сме креаторите на секој момент од животот, но за среќа, универзумот ни праќа многу знаци за да ни даде до знаење дали сме на вистинскиот или погрешниот пат.

10 знаци на предупредување што ви ги праќа универзумот кога ќе тргнете во погрешна насока

Најчесто, знаците на предупредување се случуваат во форма на несакани околности и настани. Овие знаци се показатели дека вашата енергија заглавила во вибрации со ниска фреквенција. Вашите мисли, чувства и постапки се негативни и тоа ги предизвикува несаканите околности.

Од друга страна, пак, кога вашите мисли, чувства и постапки се движат со вибрации на висока фреквенција, почнуваат да се случуваат позитивни работи. Ќе ги правите работите во вистинско време и постојано ќе ве следи среќата. Токму затоа, многу е важно да ги зацврстите вашите вибрации со тоа што свесно ќе го одберете позитивниот начин на размислување.

Иако сите ние можеме да функционираме со вибрации на висока фреквенција, тешко е да се одржи истото ниво цело време. Тоа е така затоа што нашите души се заглавени на Земјата во физичка димензија којашто е многу погуста и побавна од високите, деликатни димензии. Површината на планетата и телата се состојат од вибрации со многу пониска енергија за разлика од онаа на нашите души.

Како резултат на тоа, одвреме-навреме налетуваме на несакани околности, но тоа е сосема во ред. Сѐ додека внимателно ги слушате знаците на предупредување што ви ги праќа универзумот, веднаш ќе можете да се вратите на вистинскиот пат. Во продолжение прочитајте на кои знаци треба да внимавате…

10 знаци на предупредување што ви ги праќа универзумот кога ќе тргнете во погрешна насока

1. Удирање на прстите на стапалата

2. Заглавување во сообраќаен метеж

3. Остри погледи или зајадливи коментари

4. Некаква повреда

5. Неочекувани трошоци или сметки

6. Непријатни чувства во стомакот

7. Караници со блиските

8. Разболување и главоболки

9. Губење или кршење на работите што ги поседувате

10. Непријатни миризби, звуци или вкусови

Сите овие знаци покажуваат дека мора да се фокусирате и да ја прилагодите вашата фреквенција. Ако сретнете некој од овие знаци на предупредување, веднаш сопрете! Не продолжувајте да работите на одредената задача, не го продолжувајте разговор или не се опседнувајте со мислите што ги имате, зашто тоа нема да ве одведе таму каде што сакате да бидете.

Наместо тоа, вдишете длабоко, тргнете се од ситуацијата, па дури и одвојте една минута за медитација доколку можете. Кога ќе ги забележите овие знаци, реагирајте веднаш и самиот фокус на себеси ќе го сопре негативниот момент. Исто така, немојте да се опседнувате со знакот на предупредување.

Ако зборувате, размислувате за него и си го повторувате во умот, со сигурност ќе ја снижите фреквенцијата на вашите вибрации. Сфатете го тоа како знак СТОП и продолжете понатаму. Погрижете се за вашите вибрации и посветете им внимание само на мислите, чувствата и постапките што се согласуваат со природната фреквенција на вашата душа.

Прочитајте ги и овие 15 начини на кои универзумот ви праќа пораки.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар