Лудите луѓе се најдобри: 11 причини зошто мора да бидете луди за да успеете во животот

Лудите луѓе се најдобри: 11 причини зошто мора да бидете луди за да успеете во животот

Сигурно сте чуле дека за да успеете мора да бидете малку луди и притоа сте превртувале со очите и цинично сте коментирале. Но, лудоста и успехот се синоними. Како доказ на таа теза, да се вратиме назад во минатото… Дали сите луѓе кои направиле нешто ново или се заслужни за некое важно откритие барем во еден момент од животот не биле нарекувани луди?

0-ludite-lugje-se-najdobri-11-prichini-zoshto-mora-da-bidete-ludi-za-da-uspeete-vo-zhivotot-kafepauza.mk

Без разлика дали е во прашање љубовта, кариерата, уметноста, врските, активизмот или поезијата, лудаците ги поместија границите и тоа ги направи славни и успешни. Луѓето мора да научат да размислуваат поинаку за да можат да придонесат со нешто ново, а еве што е тоа што лудите луѓе ги прави да бидат толку успешни.

1. На лудаците не им гајле кој што мисли за нив

Лудите луѓе одамна го имаат сфатено она што голем број луѓе не можат да го запомнат – Колку порано престанете да се грижите што луѓето мислат за вас, толку побрзо ќе напредувате и ќе бидете среќни. Кога не ве гушат очекувањата на големите маси, особено кога станува збор за она што е „нормално“, тогаш ќе станете послободни и покреативни.

2. Лудите луѓе не размислуваат конвенционално

Многу од луѓето размислуваат онака како што размислуваат луѓето околу нив, но некои луѓе не размислуваат така. Тие имаат пошироки гледишта и не се оптоваруваат со тоа што е „нормално“ и „општоприфатено“.

3. Лудите луѓе не се запознаени со правилата – или едноставно не им е воопшто грижа за нив

Правилата ги создаваат луѓе на кои им недостига креативност за да можат да ги контролираат брилијантните, креативни умови. Како можете да уживате во спонтаноста на новата љубов ако цело време сте ограничени од времето и протоколите, а тоа не ви одговара ни вам, ни на вашиот партнер? Како можете да создавате ако цело време следите туѓи упатства и се плашите да размислувате подалеку од она што веќе постои?

4. Кога ќе ѝ кажете „не“, лудата личност слуша „те предизвикувам“

Кога ќе им кажете не, лудите луѓе тоа ги прифаќаат како предизвик за да ви покажат дека не сте во право. Вечната желба за преживување, одбивањето да се предадете, пронаоѓањето нови начини и самодовербата да застанете на нозе откако сте паднале е токму она што ви е потребно за да станете успешни.

5. Лудаците се доволно луди за да веруваат во себе

Современиот свет е преполн со таленти, па затоа животот стана едно големо натпреварување. Кога ќе сфатиме колку е голем светот и колку луѓе се борат за истата работа, истата личност, истиот дом од соништата, едноставно посакуваме да кренеме раце и да се откажеме од сето тоа.

Сепак постојат неколку поединци кои ќе успеат и ќе ги остварат своите соништа. Не се работи за тоа дека тие луѓе се поталентирани, попаметни или подобри од вас – се работи за тоа дека тие веруваат дека се доволно силни и посебни за да го добијат она што го сакаат.

1-ludite-lugje-se-najdobri-11-prichini-zoshto-mora-da-bidete-ludi-za-da-uspeete-vo-zhivotot-kafepauza.mk

6. Лудите луѓе не ги кочи стравот од неуспех

Постојаниот страв од неуспех е најголемата кочница која не ни дозволува да ризикуваме и да напредуваме. Кога имаме скршено срце, ние не гледаме да се ослободиме од болката, туку поради страв не ѝ дозволуваме на новата љубов да влезе во нашите животи и се заштитуваме од неа.

Лудите луѓе не се плашат да паднат. Тие непретпазливо „копаат“ под површината на која останатите само лебдат во страв дека она што е под нас може да нѐ повреди. Можеби така се заштитуваме од лошото, но за жал, така се заштитуваме и од доброто.

7. Лудаците не бараат дозвола

Лудите луѓе никогаш не бараат дозвола. Нивното животно мото е „Попрво би молел/а за прошка отколку да прашам за дозвола“.

Тие едноставно ги прават нештата. Можеби ќе завршат во затвор, можеби ќе добијат Оскар. Во секој случај, стравот дека ќе западнат во неволја не ги спречува да направат нешто револуционерно.

8. Лудите луѓе се личности кои се посипени со ѕвездена прашина

Децата честопати се обидуваат да сфатат од каде доаѓа терминот „филмска ѕвезда“ и што е тоа што ги прави овие луѓе ѕвезди. Тие тоа го поврзуваат со сјајот на небото. Кога ќе пораснат, сфаќаат дека она што ги чини познатите толку успешни и познати е самата нивна личност. Нивниот успех е резултат на фактот дека тие не се вклопуваат.

9. Лудите луѓе имаат интегритет

Секој лидер на општествена револуција е наречен луд. Кога е во прашање вистината, лудите луѓе не можете да ги замолчите.

10. Нив ги води страста, а не парите

Човек не може далеку да стигне ако целта му се само парите. Можеби ќе остварите финансиски успех, но нема да го задржите. Парите не се доволни за да ве одржат. Страста ќе ве донесе до повеќе и подобар успех отколку желбата за пари.

11. Лудите луѓе се доволно луди за да си веруваат на себеси

Тие му веруваат на своето шесто сетило, на срцето, на инстинктот и сл. Сите имаме внатрешно чувство“, но ретко кој го следи. Тоа е тоа што го правиме погрешно. Лудите луѓе си веруваат себеси и го следат тоа чувство – затоа се успешни.

2-ludite-lugje-se-najdobri-11-prichini-zoshto-mora-da-bidete-ludi-za-da-uspeete-vo-zhivotot-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар