Како повторно да ја разбудите вашата животна радост?

Кога се чувствувате како да сте ја изгубиле онаа искра или оној полет кој ве исполнувал, а не станува збор за тоа дека сте влегле во години кога страста им отстапува место на мудроста и мирот и сакате просто само да си живеете, тогаш време е за реинсталација на животната радост. Кога еднаш ќе решите дека тоа е приоритет во вашиот живот, нема да би виде тешко да обрнете малку внимание и на себе. Добрите искуства на оние кои успеале да се хармонизираат и да се фокусираат на позитивните работи предлагаат неколку едноставни чекори за достигнувањето на ваквата цел.

Како повторно да ја разбудите вашата животна радост?

Шетајте секој ден

Ако првото нешто што го помислувате за овој предлог е тоа дека немате време за прошетки, значи дека сѐ уште се борите со приоритетите. Сфатете го ова како предизвик и пронајдете ги тие 20 минути во денот, кога само ќе пешачите. Освен тоа што движењето е неопходно, тоа е и здраво, па ќе му направите и голема услуга на вашето тело и вашиот организам, воопшто.

Направете листа на работите кои најмногу сте ги сакале во детството

Тоа во вас ќе ја разбуди онаа енергија со која сте вибрирале кога сте биле деца, кога светот бил нов за вас и секое задоволство било едноставно и интензивно. Трикот е во тоа да го повикате ова чувство, а телото ќе реагира со будењето на енергијата. Сигурно ќе пронајдете и некои работи во кои и сега ќе уживате, но сте заборавиле дека го можете тоа.

Прочитајте некоја посебна инспиративна книга

Пронајдете некоја книга која за вас содржи моќна порака и може одново и одново да ве инспирира, без оглед на тоа колку пати досега сте ја прочитале. Доколку немате идеја што да читате, тогаш „Жените кои трчаат со волците“ од Клариса Пинкола Естес е добар избор.

Направете нешто со свои раце

Обидете се најпрвин со оригами – јапонска техника на уметничко превиткување на хартија која не бара од вас да бидете уметник. Само следете ги упатствата и лесно ќе создадете најразлични форми. Не е важно колку сте невешти да наравите нешто, важен е фокусот на физичката работа, на трудот и концентрацијата на работата со рацете. На енергетско ниво, вниманието посветено на мануелната активност ослободува неколку важни центри во вашиот мозок и телото и им дозволува да се поврзат и регенерираат на сличен начин како што тоа го прави сонот.

Напишете си писмо во минатото, сегашноста и иднината

Постојат работи за кои не сте свесни сè додека не почнете да ги вербализирате. Кога се обраќате на самите себеси, вие сте безбедни и можете да напишете сè што ќе ви падне на памет без она чувство кое го имате кога разговарате со некој друг – дека тоа е глупаво, срамно или дека нема да наиде на разбирање. На овој начин се поврзувате со својата суштина, која била, е и ќе биде вашето битие.

Простете им на сите кои ве повредиле

Најпрвин треба да се сетите на најтешките повреди, а тие веројатно се оние личности кои безусловно сте ги сакале и обожавале, но таа љубов не ви била возвратена. Ќе откриете дека не сте простиле многу работи и дека не сте надминале многу моменти за кои сте мислеле дека сте го направиле тоа. Можеби ќе откриете дека тоа чувство е многу подлабоко отколку што мислите. Менталните техники тука наоѓаат голема примена: Опуштете се, дишете рамномерно и визуализирајте ја врската меѓу вас и личноста која ве повредила. Потоа, обидете се со некој алат кој ќе го замислите, како на пример ножици, да ја пресечете таа врска на која претходно ќе ѝ дадете форма на конец. Доколку не успеете тоа да го направите уште на првиот обид, тогаш повторувајте ја постапката сè додека не пронајдете начин да ја прекинете врската и да се ослободите од минатото.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар