Како да се грижите за вашата коса во текот на зимскиот период?

Како да се грижите за вашата коса во текот на зимскиот период?

Како што се приближуваат постудените денови, така и вашата коса бара поголема нега. Излегувањето од топла просторија надвор, на студен воздух, ѝ штети на вашата коса, па затоа е потребно да ѝ обезбедите дополнителна влага која ќе ѝ овозможи да се бори во сувите зимски месеци. Еве кои пет работи треба да ги правите за да ја одржувате здрава вашата коса и во зима.

Како да се грижите за вашата коса во текот на зимскиот период?

1. Добро нанесете балсам еднаш неделно

Вметнувањето на овој брз чекор во вашата зимска рутина, ќе ѝ даде дополнителна влага на вашата коса за време на сезоната кога таа ѝ е најпотребна. Консултирајте се со вашиот фризер за тоа кој балсам треба да го изберете, па користете го истиот еднаш неделно. По миењето на косата, треба да го исцедите вишокот вода пред да го нанесете балсамот. Оставете го да делува пет до десет минути пред да се измиете.

2. Мијте ја косата што помалку

Колку помалку топлина користите за вашата коса, толку е подобро. Ова треба да го практикувате во текот на целата година, но особено се однесува за во зимскиот период. Така, подобро е да си купите некоја убава капа која ќе можете да ја носите денот пред да ја измиете косата. Исто така сувиот шампон ќе ви помогне таа да издржи уште некој ден без миење.

3. Дневно користете масло за коса

Нанесувањето малку масло секојдневно, веднаш ќе го промени изгледот на вашата коса, односно таа ќе изгледа посјајна и помека. Постојат различни масла наменети за различни типови коса, затоа и во овој случај најдобро е да се консултирате со вашиот фризер.

4. Потемнете го коренот на косата

Доколку размислувате да го направите потемен коренот на вашата коса, тогаш вистинското време е сега. Не само затоа што е нормално да имате потемна нијанса во текот на есента и зимата, туку на овој начин ја поштедувате вашата коса од непотребно оштетување.

5. Хидрирајте се

Ова е основно правило што треба да го почитувате, затоа што прави голема разлика, односно, пиењето поголемо количество вода ви помага да се ослободите од токсините во вашето тело. Лесно е да се заборави на ова кога надвор е ладно, но, потсетете се на здравствените придобивки кои ви ги нуди водата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар