Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

„The pink drink“ (розовиот пијалак) кој е микс од вотка, Triple Sec и сок од боровинки, стана мега популарен со ТВ серијата „Сексот и градот“, во која софистицираната Кери Бредшо го нарачуваше во секој бар во Њујорк. Но сега, секоја од четирите девојки има свој уникатен напиток, направен од производителите на вотката SKYY.

Правењето коктели никогаш не било повозбудливо! Викнете ги вашите најблиски пријателки на гости, спремете чаши за мартини и поминете една незаборавна вечер, како девојките од „Сексот и градот“.

„The Carrie“ – Кери1-Glamurozni-kokteli-inspirirani-od-„Seksot-i-gradot“-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • 60 ml SKYY вотка
  • 15 ml свежо цеден сок од лимон
  • 15 ml свежо цеден сок од зелен лимон
  • 1 кафена лажичка шеќер
  • 1 голтка ликер Crème de cassis
Начин на подготовка:

Во еден поплиток сад сипете малку од ликерот, превртете ја чашата за мартини обратно и натопете ја површината во него. Потоа во тацна сипете шеќер и кристализирајте ја чашата. Во мешалка за коктели (шејкер) ставете ги состојките и додадете неколку коцки мраз. Енергично тресете ја мешалката за убаво да се изедначи пијачката и потоа сипете ја во чаша за мартини произведена од Swarovski (сет од 2 чаши чини „само“ 390 американски долари). Завршете го коктелот со отсипување една капка од ликерот crème de cassis на врвот.

„The Samantha“ – Саманта

Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

Потребни состојки:
  • 60 ml SKYY вотка со вкус на ананас
  • 30 ml свежо цеден сок од зелен лимон
  • 20 ml ликер Triple Sec
  • 20 ml чоколаден ликер Crème de cacao
Начин на подготовка:

Ставете ги состојките и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и промешајте убаво. Сипете ја пијачката во секси чаша за мартини. Декорирајте со резанка од зелен лимон.

„The Charlotte“ – Шарлот

Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

Потребни состојки:
  • 45 ml SKYY вотка со вкус на грозје
  • 90 ml газиран сок 7- Up
  • 7 ml свежо цеден сок од лимон
  • 7 ml црвено вино
Начин на подготовка:

Исцедете пола лимон и сипете го во мешалка за коктели. Додајте ги вотката со вкус на грозје, сокот 7–Up и неколку коцки мраз, а потоа промучкајте. Пијачката сипете ја во висока чаша Collins (сет од 6 чаши чинат 42,60 американски долари) полна со коцки мраз. На крајот, заруменете го котелот со црвено вино.

„The Miranda“ – Миранда4-Glamurozni-kokteli-inspirirani-od-„Seksot-i-gradot“-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • 60 ml SKYY вотка со вкус на ѓумбир
  • 2 супени лажици сируп од мед (за да направите сируп од мед, потребно е да измешате една лажица вода со една лажица мед)
  • 20 ml свежо цеден сок од лимон
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во мешалка за коктели, додадете неколку коцки мраз и промешајте силно. Сипете го добиениот коктел во замрзната чаша за мартини. Од лимоновата кора направете декоративна лента, која ќе ја замотате на стапче за коктел.

„The Mr. Big“ – Ѕверка

Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

Потребни состојки:
  • 60 ml SKYY вотка со вкус на цреша
  • 15 ml бурбон Wild Turkey 101
  • 20 ml Кока-кола
Начин на подготовка:

Сипете ги вотката, бурбонот, колата и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и мешајте. Подготвената пијачка сипете ја во голема чаша за пунч од 3,5 dl. На крајот декорирајте со марачино цреша.

Одберете го вашиот омилен коктел и забавата може да започне!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар