Генијален трик што ќе ви помогне да заштедите пари

„Кога би престанал/а со трошење пари на глупости што не ми требаат, би можел/а да купам толку многу корисни работи!“ Ако некогаш сте го помислиле ова, тогаш сигурно ќе ви се допадне следниов трик за штедење пари. Станува збор за многу едноставен и ефикасен метод што ќе ве воодушеви. Прочитајте за што станува збор…

Генијален трик што ќе ви помогне да заштедите пари

Прво правило: Секоја вечер направете цифрата на сумата пари што ја имате да завршува на 0

Многу е едноставно: Цифрата на непотрошените пари треба да завршува на 0. На пример, сакате да ја сведете цифрата на една 0. Да речеме дека навечер кога сте си дошле дома сте имале 1.532 денари во кеш и 5.425 денари на сметка во банка.

Што треба да направите? Одземете ја последната цифра од секоја бројка за да добиете 0 на крајот. Парите што ќе ги одземете, тргнете ги настрана и почнете да ги собирате.

На пример:

1.532 денари – 2 денари = 1.530 денари

5.425 денари – 5 денари = 5.420 денари

На овој начин ќе заштедите 7 денари таа вечер. Но, можете да ги сведете бројките на повеќе нули. На пример, на две:

1.532 денари – 32 денари = 1.500 денари

5.425 денари – 25 денари = 5.400 денари

Вака ќе заштедите 57 денари.

Генијален трик што ќе ви помогне да заштедите пари

Второ правило: Префрлете ги сите непотрошени пари на штедна книшка

Пред да земете плата на крајот од месецот, зачувајте ги сите непотрошени пари. На пример, да речеме дека ви останале 600 денари во кеш и 2.000 денари во банка. Само префрлете ги на вашата штедна книшка.

Предности на овој метод:

1. Ќе знаете точно колку пари имате секое утро, и таа бројка секогаш ќе биде заокружена.

2. Ќе почнете да го контролирате вашето трошење и ќе престанете со купување глупости.

3. И што е најважно: Навистина ќе заштедите пари!

Не можете да престанете со трошење пари? Прочитајте ги и овие 13 златни правила за полесно штедење.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар