Еве кои се најглупавите начини да го преболите раскинувањето

Сите барем еднаш во животот сме поминале низ непријатно раскинување и после тоа сме правеле работи со кои баш и не се гордееме. Секој се носи различно со болката од скршеното срце, но сепак некои работи треба да се избегнуваат. Само колку да не се каеме подоцна. Оваа листа на работи во ниеден случај не би требало да ја правите – без разлика колку сте лути и повредени.

1. Одмаздување

Одмаздата никогаш не е добро решение, па дури ни кога партнерот ве измамил, изневерил или ја направил најлошата работа што може да се замисли. Никакви играчки од типот „ќе му/ѝ вратам со иста мера“, фрлање на неговите/нејзините работи низ прозорецот или слични глупости нема да го вратат назад времето, нити пак личноста. И на крај, воопшто нема да се чувствувате подобро.

0-eve-koi-se-najglupavite-nacini-da-go-prebolite-raskinuvanjeto-kafepauza.mk

2. Самоуништување

Кога се соочувате со одбивање или некаква загуба, многу лесно можете да бидете склони кон самоуништување. Многу голем процент од луѓето започнуваат да пијат, да стапуваат во сексуални односи со непознати и сл. Немојте да се кривите себеси и да мислите дека не сте доволно добри. Ако некој не ве прифатил онакви какви што сте, тогаш не вреди да си штетите поради таа личност.

3. Опсесивност

После раскинувањето, нормално е да се прашувате каде е тој/таа и што прави. Но, љубопитството никако не смее да премине во опсесија. Најлош можен потег е да го/ја демнете на Фејсбук и да им ги лајкнувате сите постови и фотографии. Опсесијата некогаш зема толкав замав што може да ве натера постојано да да проверувате со кого тој/таа излегува.

1-eve-koi-se-najglupavite-nacini-da-go-prebolite-raskinuvanjeto-kafepauza.mk

4. Барање замена

После раскинувањето потребно е да си дадете време за да ја преболите врската. Во многу романтични филмови, пријателите на главните ликови ги тераат оние со скршено срце веднаш да почнат повторно да излегуваат и да запознаваат нови луѓе. Но, тие ликови по некое време сфаќаат дека сè уште не се спремни да се простат од минатото и од својот бивш. Но, што ќе ѝ кажете на другата личност која ви била само за забава? И таа личност има чувства. Затоа после раскинувањето дајте си барем два месеци време да ви спласнат емоциите и да бидете сигурни дека сте спремни за запознавање нови луѓе.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар