Девојки, правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа

Сте запознале прекрасен маж кој навистина ви се допаѓа и не сакате да го изгубите? Најпрво треба да бидете сигурни дека си одговарате. Ако сте сигурни во тоа и сакате вашата врска да успее, тогаш дефинитивно треба да знаете и како да го задржите неговиот интерес. За да го постигнете тоа, следете ги следниве 9 совети.

Правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа

1. Не обидувајте се да докажете дека сте подобри од него

Правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа

Ако сте директор или основач на успешна компанија, тој нема да се заљуби во вас затоа што имате многу пари или затоа што сте поуспешни од него. Ако сте многу паметни, не треба секој ден да го покажувате капацитетот на вашиот мозок. Можете да го победите во која било игра со размислување, но мажите не се вљубуваат во вашиот голем мозок, туку во вашето срце.

2. Чувајте ги за себе малите, валкани тајни

Правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа

Не мора да го кажувате секој детаљ од лудата забава што сте ја имале кога последен пат сте биле на одмор. Од друга страна, можете да му кажете дека сте возбудени за некое патување во иднина. Суштината на врската не е во воспитувањето, туку во поврзаноста со мажот на различно ниво. Ако го користите само мозокот, без да го вклучите срцето и тој ќе го прави истото. А сигурно не би сакале тој да се фокусира само на вашиот мозок и бескрајните озборувања.

3. Никогаш не престанувајте да се однесувате како деца

Правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа

Разведрете се и насмејте се. Кога почнувате да излегувате со нов маж, не заборавајте да се забавувате додека се запознавате. Дознајте повторно како е да запознаете некого низ детските очи. Се сеќавате како ги облекувавте фустаните на вашите мајки и стоевте со часови пред огледалото додека бевте малечки? Направете го истото и сега, додека се подготвувате за состанок со него. Наполнете ја кадата, пуштете музика и уживајте со себе пред состанокот со вашата симпатија. Така ќе се чувствувате убаво, женствено и полни со енергија.

4. Останете блиски со пријателите

Правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа

Не ги заборавајте вашите пријатели. Кога сте вљубени често заборавате на тие кои секогаш биле тука за вас. Не одбивајте ги вашите пријатели кога ве канат на нивната забава, или кога треба да излезете заедно. Не мора секој ден да го поминувате со вашето ново момче. Со него излезете во петок, а со пријателките направете забава во сабота. Мажите секогаш сакаат кога жените не се постојано околу нив. Покрај тоа, тој сигурно сака да помине и машка вечер со пријателите, која вклучува фудбал и пиво.

5. Насекаде чувајте колачи

Правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа

Вие и вашиот стан секогаш треба да мирисате убаво. Мажите не сакаат кога нивните девојки мирисаат како мажи и ги обожуваат миризбите на ванила и цитруси. Ако после вечерата завршите во вашиот стан, запалете миризливи свеќи. Кога ќе ја запалите свеќата со мирис на чоколадни колачи, тој веднаш ќе огладни и тоа не само за колачи.

6. Не заборавајте да дадете комплимент за друга жена

Правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа

Ако сте излезени на состанок и се случува тој да се загледа во убавиот задник од жената која поминува покрај вашата маса, можете слободно да кажете: „Убава е, нели?“. Ќе се почувствувате убаво поради ова, бидејќи тој е на состанок со вас, а не со нејзиниот задник. Ова ќе му покаже дека сте самоуверени и нема да се извадите од памет ако тој смета дека некоја друга жена е привлечна. Не убивајте ги неговите природни инстинкти. Во природата на мажите е да го завртат погледот кога ќе помине убава жена и во тоа нема ништо погрешно.

7. Не откажувајте се од себеси

Правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа

Ако почувствувате дека се обидувате да бидете нешто кое не сте, тогаш веднаш престанете. Ако не се сакате себеси, тогаш тешко дека ќе дозволите некој друг да ве сака. Секој ден погледнете се во огледало и најпрво покажете си љубов кон себе. Правете го само она што ве прави да се чувствувате убаво.

8. Ослободете се од вашето минато

Правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа

Кога започнувате нова врска, оставете го минатото таму каде што му е местото. Не дозволувајте духовите на љубовниците од минатото да го исполнат вашиот мозок со глупости и несигурност. Ако во новото момче сакате да ги најдете карактеристиките на вашиот бивш, тоа нема да биде добро ниту за вас, ниту за врската со него. Ослободете се од багажот од претходните врски и погрижете се никогаш повеќе да не ви пречи во животот.

9. Верувајте во епска љубов

Правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа

Лесно е да го задржите неговото внимание ако верувате во себе и верувате во моќта на љубовта. Ако не верувате во себе, немате ништо. Затоа верувајте си и верувајте дека со него ве чека вистинска љубов како од бајките.


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

  1. Fu Reply

    Колку шовинистичка статија, не постојат жените за по газот на мажите да одат.

Остави коментар