9 трикови за поголем волумен на вашата коса

Секоја девојка сонува за густа коса со волумен. Но дури и ако вашата коса не е природно бујна, има начин да го постигнете овој изглед со неколку едноставни трикови. За овие трикови ќе ви бидат потребни предмети кои ги користите секој ден.

1. Чешлајте ја косата само откако ќе ја исушите

За да не ја оштетите косата додека ја сушите, користете ги само вашите прсти во процесот. Кога целосно ќе ја исушите, завршете со обликувањето користејќи голема четка за коса.

2. За да додадете волумен на опавчето, користете шнола за коса

Соберете ја косата во опавче. Потоа одделете еден прамен од горниот дел (околу 1/4 од опавчето) и зацврстете го со шнола. Спуштете го праменот за да ја скриете шнолата. Овој едноставен трик двојно ќе го зголеми волуменот на вашето опавче.

3. Уште еден трик за импресивно опавче

Наместо целата коса да ја стегнете со стегач, поделете го опавчето во два дела и затегнете го секој дел посебно.

4. Волумен без да трошите време

Ако немате време за правење фризура, овој трик многу ќе ви се најде. Откако ќе ја измиете, соберете ја косата во две пунџи и испрскајте ги со лак за коса. Исушете ги пунџите со фен, оставете ги да се изладат и пуштете ги.

5. И шампоните за суво миење се од помош

Нанесете шампон за суво миење на вашите корења. Нанесувајте прамен по прамен. Откако ќе се впие, исчешлајте ја косата. За резултатите да траат подолго, напрскајте ја косата со лак.

6. Плетенка

Откако ќе ја направите плетенката, почнете да извлекувате прамени од неа почнувајќи од доле. Волуменозните плетенки полесно се расплетуваат, па затоа зацврстете ја со лак за коса.

7. За поголема густина, исушете ја косата уште еднаш

Кога ќе завршите со правењето фризура, исушете ја уште еднаш со фенот. Наведнете ја главата надолу и сушете неколку минути. Ова ќе помогне фризурата да трае подолго и ќе ѝ додаде волумен на косата.

8. Експериментирајте

Патецот на косата можеби изгледа како мал детаљ, но всушност има многу голема улога. Најлесно е да го промените додека косата ви е мокра. Откако ќе ја измиете, со вашите прсти направете нов патец, а потоа исушете ја косата со фен. Ако сте навикнати да носите патец на средина, пробајте да го ставите на страна.

9. Ако немате време за фризури, користете спреј за волуменот

Кога немате време да ја миете и сушите косата, и да правите фризури, едноставно нанесете спреј за волумен или пена за коса на вашите корења. Разбушавете ја косата со прстите и потоа исчешлајте ја. Со ова ќе го постигнете саканиот резултат брзо и ефективно.

Погледнете ги и овие трикови за поголем волумен на косата.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар