800 години стар лек којшто ќе ви ги реши проблемите со срцето

800 години стар лек којшто ќе ви ги реши проблемите со срцето

Ако патите од срцеви проблеми, а сакате да испробате нешто природно и здраво, тогаш овој 800 години стар лек може многу да ви помогне. Творец на овој рецепт е познатата монахиња по име Хилдегард фон Бинген, која живеела пред 800 години, а починала кога имала 81 година. Подоцна, нејзиниот рецепт за срцеви болести го презеле познати лекари и го објавиле во своите трудови. Оваа монахиња советувала овој рецепт да се користи во секое домаќинство, затоа што создава чудесни ефекти. Во своите пишани дела таа објаснува дека сѐ што е напишано доаѓа од нејзината визија од Бог. Рецептот станал популарен благодарејќи на прочуената билкарка Марија Требен, авторка на книгата „Здравје преку Божјата аптека.“ Овој природен лек за срце се покажал успешен во сите случаи на срцеви заболувања. Се користи кога имате какви било проблеми со срцето, како што е убод, треперење, прескокнување, стрес и слично.

800 години стар лек којшто ќе ви ги реши проблемите со срцето

Потребни состојки:
  • 10 стебленца магдонос, без корен
  • 1 литар домашно црвено или бело вино
  • 2 лажици вински оцет
  • 300 грама природен мед
Начин на подготовка:

Ставете ги десетте стебленца магдонос заедно со листовите во литар чисто природно вино и додајте 1-2 лажици чист оцет. Варете 10 минути на тивок оган, но бидете внимателни затоа што се создава пена. Подоцна, додајте 300 грама природен мед и оставете го да врие 4 минути. Процедете го топлото вино и ставете го во топло шише коешто претходно е измиено со јак алкохол. Затворете го добро. Талогот којшто се формира не е штетен и слободно може да се консумира. Сами одлучите дали медот ќе го варите или ќе го додадете на крај.

Начин на употреба:

Консумирајте го овој пијалак секојдневно. Земајте една лажица на ден додека не ги отстраните сите симптоми. За потешки заболувања, користете го подолг период.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар