7 знаци дека луѓето ве сметаат за пријатна личност

7 знаци дека луѓето ве сметаат за пријатна личност

Дали познавате човек во чие друштво секогаш ви е пријатно? Или можеби вам ви имаат кажано дека сте многу пријатни за разговор и дружба? Во тој случај, можете да се сметате себеси за пријатна личност. Пријатните луѓе се друштвени, фини, учтиви и лесни за соработка. Непријатните луѓе, пак, се целосно спротивни и тие се тешки, нечувствителни, со чести промени на расположението. За да дознаете дали сте пријатна личност или не, обидете се да се пронајдете во следниве 7 знаци…

7 знаци дека луѓето ве сметаат за пријатна личност

1. Имате широк круг на пријатели

Пријатните луѓе се многу друштвени. Според еден експеримент, пријатните луѓе ги одржуваат нивните пријателства со тоа што редовно искажуваат благодарност. Доколку имате многу пријатели кои не можат да си ја замислат дружбата без вас, постои голема веројатност дека луѓето ве сметаат за пријатни.

2. Генерално сте многу среќни

Постои навистина интересна причина зошто пријатните луѓе се посреќни од останатите. Имено, тие ги привлекуваат позитивните искуства. На пример, во еден експеримент, пријатните испитаници изјавиле дека попрво би слушале брзи песни, отколку бавни и попрво би гледале документарци за славни личности отколку политички програми. Јасно е зошто ваквите избори влијаат на човечкото расположение. Освен тоа, цврстите пријателски врски се клучната состојка од која зависи среќата. Па, со оглед на тоа што пријатните луѓе се подруштвени, логично е што се и посреќни.

3. Ги користите социјалните мрежи за комуникација, а не за да се жалите

Пријатните луѓе ги користат социјалните мрежи како што треба, според нивната намена, а не за да се жалат. Според едно истражување, пријатните испитаници не објавуваат толку многу Фејсбук статуси со лоши зборови за луѓето. Преку употребата на социјалните мрежи, пријатните луѓе се обидуваат да ја претстават нивната автентична личност и да се поврзат со луѓето слични на нив.

4. Тешко ви е да напредувате во работата

Сепак, на пријатните луѓе не им оди сѐ како „подмачкано“. Иако пријатните работници не се помалку интелигентни од нивните непријатни колеги, тие се изложени на ризик да остават впечаток на луѓе кои не се толку паметни, особено на работното место. Тоа е така затоа што некои од особините кои луѓето ги поврзуваат со човечката интелигенција не се согласуваат со природата на пријатните личности. Овие луѓе се скромни и тивки лидери, прифаќаат вина, преземаат одговорност и ги почитуваат туѓите интереси, поради што делуваат како недоволно компетентни. Кај пријатните луѓе постои помала веројатност дека некогаш ќе станат менаџери или лидери.

7 знаци дека луѓето ве сметаат за пријатна личност

5. Донесувате погрешни одлуки, но со добри намери

Со оглед на тоа што пријатните луѓе сакаат да се согласуваат со сите, понекогаш претеруваат со нивните обиди да ја зачуваат хармоничната атмосфера. На пример, можеби сте чуле за озлогласениот експеримент на Милграм во кој испитаниците требале да ги повредат непослушните учесници со електрошокови. Во овој вознемирувачки експеримент, пријатните луѓе повеќе соработувале и „доделиле“ повеќе електрошокови. Се претпоставува дека на тој начин тие сакале да остварат подобри односи со истражувачот кој им го наредил тоа. Доколку и вие се сметате за пријатна личност, треба да размислите дали исполнувањето на туѓите желби и интереси е правилна одлука или не.

6. Не ви пречат граматичките грешки

Некои луѓе се нервираат кога ќе забележат дури и најмала грешка во пишувањето, но доколку сте пријатни, веројатно тоа не важи за вас. Според едно истражување, на пријатните луѓе не им пречат толку граматичките грешки во пишани текстови, како што се имејловите. Тоа не значи дека пријатните личности не ги познаваат граматичките правила, туку едноставно не сакаат да започнат конфликт поради таква ситница.

7. Постои голема веројатност дека плацебо ефектот ќе има влијание на вас

Дали сте ги почувствувале ефектите на хомеопатските лекови или на ароматерапијата? Според едно истражување од 2013 година, плацебо ефектот има поголемо влијание кај пријатните луѓе. Зошто е тоа така? Пријатните луѓе не сакаат да негодуваат, туку се обидуваат да им угодат на авторитетите (во овој случај истражувачите), а исто така имаат и поголема верба дека резултатите ќе бидат позитивни. Дали тоа што плацебо ефектот има влијание на нив е нешто позитивно или негативно, зависи од околностите.

Доколку сте ги забележале овие знаци во вашето однесување, можете да се сметате себеси за пријатна личност. Иако тоа е позитивна особина, обидете се да одржите баланс и да не претерувате со вашето угодување на луѓето околу вас, бидејќи тоа може да доведе до многу негативни последици кои можат да го попречат вашиот животен напредок и понатамошен успех.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар