Колку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?

Колку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?

Во вашиот дом се наоѓаат многу работи кои на некој начин може да бидат погодно место за бактерии. Со оглед на ова, животниот век на предметите и уредите не е неограничен. И покрај тоа што редовно ги чистите, тие по одреден период бараат да бидат заменети. Некои траат подолго, други пократко, но сепак, некогаш ќе мора да го направите тоа. Погледнете ја ова листа која има за цел да ви покаже колку често треба да ги менувате предметите и уредите во вашиот дом.

Колку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?

1. Перниците на секои две до четири години

Ова многу зависи од тоа колку ги употребувате, но ако ги чистите секои четири до шест месеци и ги заменувате навлаките кога ќе се појават дамки, тогаш ќе им го продолжите животниот век.

2. Душекот на секои седум години

Ако редовно го чистите душекот со правосмукалка, со што ќе ја отстраните прашината, тогаш тој би требало да трае подолго.

3. Перниците за спиење на секои две години

Исто како и душекот, така и перниците се погодно место за насобирање прашина и бактерии, а истите може да предизвикаат развој на алергија и слично.

4. Јорганот на секои пет години

Само не заборавајте да го перете барем еднаш во сезоната.

5. Крпите на секои две до три години

Доколку забележите дека тие ја губат нивната апсорпција, или уште полошо, почнуваат да имаат непријатен мирис, тогаш време е да ги замените.

Колку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?

6. Чергата во бањата на секои две години

Неа треба да ја замените од истите причини како и крпите, односно, доколку веќе не може да апсорбира или има чуден мирис.

7. Патиките на секои шест до дванаесет месеци

По одреден период користење и поминати километри, патиките треба да бидат заменети за да ги заштитите вашите стапала од инфекции.

8. Градниците на секои осум месеци

Перете ги правилно и тие ќе ја задржат својата удобност и еластичност.

9. Телефоните на секои две до три години

И покрај тоа што постојано излегуваат нови модели, сѐ додека тој е функционален и оперативниот систем е добар, вашиот телефон е во добра форма.

10. Пластичните садови за храна на секои две до пет години

Внимавајте садовите да немаат пукнатини, затоа што на овој начин бактериите лесно може да навлезат во вашата храна.

Колку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?

11. Филтрите за вода на секои два месеци

Ако ги оставите подолго, ќе почнете да чувствувате разлика во вкусот.

12. Четката за заби на секои три до шест месеци

Ако влакната на четката почнуваат да се уништуваат, тогаш време е за нова.

13. Четките за шминкање на секои две години

Но, настојувајте да ги миете барем еднаш неделно.

14. Маскарата на секои три месеци

Ова е колку отприлика може да ви трае една маскара, под претпоставка дека ја користите секојдневно. Во спротивно, таа или ќе се исуши или ќе биде извор на бактерии.

15. Микробрановата печка на секои десет години

Ако забележите чуден звук, тогаш можеби микробрановата има некој проблем, што значи дека време е да купите нов апарат.

Колку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?

16. Аспираторот на секои десет години

Исто така ако и аспираторот има чуден звук, тоа значи дека треба да го замените.

17. Клима уредот на секои десет до петнаесет години

Ова се однесува на енергетската ефикасност. Колку понов уред, толку помала ќе биде вашата сметка за струја.

18. Фенот за коса на секои пет години

Ако вашиот фен почнува да се тресе или пак ви треба подолго време за да ја исушите косата, тогаш време е да го замените.

19. Фрижидерот на секои десет години

Ако забележите прекумерна кондензација и вашиот фрижидер ви изгледа како да е погоден од снежна бура, почнете да размислувате за купување нов.

20. Зачините на секои шест месеци

Ако ви е потребно да додадете поголема количина зачини за да го постигнете посакуваниот вкус, тогаш тоа значи дека тие изгубиле од својата корисност, при што треба да ги замените.

Колку често треба да ги заменувате работите во вашиот дом?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар