7 работи кои не треба да ги објавувате на социјалните мрежи за Денот на вљубените

Полека, но сигурно на најдолгиот месец во годината му се ближи крајот. Тоа значи дека за кратко време ќе дојде и Денот на вљубените кој и покрај тоа што не е дел од нашата традиција и култура, многу млади сепак го прославуваат. Овој празник за некои парови претставува голем и среќен настан што со нетрпение го очекуваат, а на други, пак, им предизвикува главоболка. Без разлика во која група припаѓате, ова се 7-те работи кои никако не треба да ги објавите на социјалните мрежи за Денот на вљубените…

7 работи кои не треба да ги објавувате на социјалните мрежи за Денот на вљубените

1. Фотографии на кои се бакнувате со партнерот во уста

Францускиот бакнеж нека остане само ваш, не мора на сите да им покажувате што се случува кога сте сами.

2. Долната облека што сте ја добиле како подарок

Да ве потсетиме дека вашите и родителите на партнерот ве имаат за пријатели на Фејсбук и гледаат сѐ што ќе објавите.

3. Подароците што сте ги добиле

Прекрасно е тоа што вашиот партнер ви подарил 101 роза, но ако го објавите тоа на социјалните мрежи ќе делува како фалење, а никој не сака фалбаџии.

4. Етикети со цена

Веќе ако инсистирате да го објавите подарокот што сте го добиле, барем направете го тоа достоинствено.

5. Вечера со свеќи

Квалитетот на фотографијата и онака нема да биде добар поради лошата осветленост, така што причината поради која објавувате ваков интимен момент е очигледна: Сакате да се фалите и да ги направите другите љубоморни!

6. Долги срцепарателни љубовни изјави на Фејсбук

Можеби ќе добиете 200 лајкови на долгиот љубовен текст посветен на вашиот партнер што самите сте го смислиле, но единствената личност која треба да ви биде важна во таков случај е вашиот сакан или сакана. Доволно е само тој или таа да ги прочитаат вашите искрени зборови, нема потреба сите ваши 1.000 пријатели на Фејсбук да знаат како се чувствувате.

7. Пораката што сте ја добиле за Денот на вљубените

Повторно, ваквите интимни работи треба да останат само меѓу вас. Дали навистина сакате вашиот професор од средно да знае како вашиот партнер се почувствувал кога прв пат ве здогледал? Секако дека не!

Доколку немате идеја какво изненадување да му приредите на партнерот, погледнете ги овие креативни состаноци за Денот на вљубените.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар