5-те вида пријателки без кои секое раскинување ќе беше потешко

Да не постоеја пријателите кои се тука за нас после раскинувањето, ние веројатно ќе пропадневме во една тажна дупка на депресија и самосожалување. Но, за среќа, овие 5 вида пријателки се секогаш тука за да се погрижат тоа никогаш да не се случи, или ако веќе се случува, да не поминуваме сами низ тоа.

0-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mk

1. Охрабрувачката

Постојано ви вели: „Паметна си, убава си, згодна си и вредиш.“

Зошто ви е потребна: Таа ви е потсетник дека иако раскинавте вие сѐ уште сте таа неверојатна личност. Сега можеби се чувствувате ужасно, но луѓето како неа ќе ве потсетат дека после бура доаѓа сонце и дека после лошо доаѓа добро. И најважно, таа ќе ве натера да сфатите дека вие сте повеќе од вашата врска. Дека вие сте една цела личност надвор од неа.

1-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mk

2. Стројничката

Постојано ви вели: „Ајде спремај се. Имам другар кој е совршен за тебе!“

Зошто ви е потребна: Таа секогаш има слободни другари кои „се совршени за вас“. Додека вие сте 100% сигурни дека во моментот не сте расположени да се гледате со кого било, запознавањето нови луѓе ќе ви помогне. Сфатете го тоа како одвлекување на вниманието од вашата тага. И тоа слатко одвлекување.

2-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mk

3. Слушателката

Постојано ви вели: „Не можам да ти дадам совет. Но секогаш можам да те ислушам.“

Зошто ви е потребна: Некогаш едноставно само сакате да ги истурите срцето и душата без другиот да рече нешто. Таа никогаш нема да ви каже дека тој е ѓубре и дека заслужува да го прегази Брза помош или дека после три месеци ќе бидете како нови. Таа ќе дојде дома кај вас, ќе ви донесе чоколадо, ќе пушти некои звуци од Шаде и нема да ви суди за што и да речете. Само мирно ќе ве слуша.

3-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mk

4. Забавната

Постојано ви вели: „Одиме!“

Зошто ви е потребна: Затоа што сакате да заминете на егзотично патување, но немате со кого да одите поради „проблемите во реалниот свет“. Но, ја имате неа. Одненадеж ви текнува дека сакате да одите на крстарење во три часот наутро во работен ден. „Одиме? Секако дека да! А интересната журка за која никако не можеме да најдеме покани? Секако дека одиме и таму. Ама немаме карти? Не се грижи ти за тоа.“ Е затоа ви е потребна.

4-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mk

5. Оптимистката

Постојано ви вели: „Ќе бидеш добра, не се секирај.“

Зошто ви е потребна: Затоа што ќе изгубите надеж во љубовта, ќе мислите дека мажите се ѓубриња и дека сите се исти. Но таа ќе ве потсети дека едноставно не сте го погодиле вистинскиот и дека тој кога-тогаш ќе дојде. Нејзината позитивна енергија ќе ви помогне во процесот на преболување бидејќи таа ќе ви ја врати надежта.

5-5-te-vida-prijatelki-bez-koi-sekoe-raskinuvanje-ke-bese-uste-potesko-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар