5 совршени есенски комбинации инспирирани од манекенката Хејли Болдвин

Познатите дами честопати играат огромна улога при формирањето на модните трендови во текот на есенската сезона, бидејќи имаат големо влијание како на модниот свет, така и на целокупната јавност. Во последно време се појавија неколку девојки кои го освојуваат светот со својот стил на облекување, како на пример, Џиџи Хадид, Кендал Џенер и младата манекенка Хајли Болдвин. Денес ви издвојуваме дел од нејзините есенски модни изданија кои можат да ви послужат како пример за вашите креативни есенски комбинации.

1-5-sovrsheni-esenski-kombinacii-inspiriran-od-hejli-boldvin-www.kafepauza.mk_

Хејли, иако е млада, има моден вкус на кој може да му позавидат многубројни познати дами кои се истакнуваат по своите дневни комбинации. Таа секогаш носи едноставно парче облека кое потоа го комбинира со тренди парче и на овој начин таа создава атрактивна модна комбинација која мора да ви се допадне.

1. Една таква комбинација е оваа во којашто доминираат долгиот, темно зелен капут и чизмите до колена. Остатокот од комбинацијата го сочинуваат кратко, сиво здолниште, обична црна блуза и кожна чанта. Овој изглед е надополнет со одлични детали како што се очилата за сонце и ланчето „чокер“. Доста елегантна, но и шик комбинација која е совршена за есенските денови.

2-5-sovrsheni-esenski-kombinacii-inspiriran-od-hejli-boldvin-www.kafepauza.mk_

2. Можеби за една ваква комбинација ќе биде студено, но сепак може да послужи како одлична идеја за некое вечерно излегување. Кожните хеланки, чизмите со високи потпетици и големата црна чанта се одлично надополнети со широка карирана кошула, која го открива едното рамо, што служи како одличен моден детаљ. Моментално кожата е вистински тренд, особено кога е во комбинација со едно вакво парче облека како што е карираната кошула.

3-5-sovrsheni-esenski-kombinacii-inspiriran-od-hejli-boldvin-www.kafepauza.mk_

3. Кога сме веќе кај кожата, искористете ја на доста добар начин, поточно одлучете се за кожна јакна во некоја занимлива боја. Можеби ова е несекојдневен избор, но со овој стајлинг Хејли Белдвин покажува дека едно такво впечатливо парче може да ја претвори дури и наједноставната црна комбинација во атрактивна и модерна.

4-5-sovrsheni-esenski-kombinacii-inspiriran-od-hejli-boldvin-www.kafepauza.mk_

4. Комбинезоните беа популарни во текот на летото, па затоа и можевме да ги видиме насекаде. Доколку и вие сте љубител на оваа парче, тогаш носете го и сега, кога пристигна новата сезона. Нека биде направен од подебел материјал, како што е твидот, со кариран дезен, а во однос на обувките – одлучете се за чевли во неутрална боја. Задолжителен е долгиот капут кој е секако еден од главните трендови за оваа сезона. Со оваа комбинација ќе изгледате како една од најдобро облечените дами во светот, бидејќи таа овозможува голема доза софистицираност. Плус ќе изгледате доста модерно во рамка на само една комбинација.

5-5-sovrsheni-esenski-kombinacii-inspiriran-od-hejli-boldvin-www.kafepauza.mk_

5. Кожните хеланки не мора да се носат само за излегување, туку и во текот на денот кога ќе заминете на прошетка, ручек или шопинг. Облечете штикли, омилената кожна чанта и голем, широк спортски дуксер и ќе изгледате совршено и впечатливо. Ова е доволна причина за инспирација за есенска комбинација која ќе ја облечете уште денес.

6-5-sovrsheni-esenski-kombinacii-inspiriran-od-hejli-boldvin-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар