5 непријатни работи што ќе ви се случат ако не го менувате бричот редовно

Како да знаете кога е време да го замените вашиот брич? Кога сечилото станува премногу тапо за да ги отстрани вашите влакна? Според експертите, правилно е да го менувате бричот на секои 3 до 7 употреби. Ова зависи од повеќе фактори. Според  дерматолозите, ако користите брич со едно сечило, или пак го употребувате за поголема површина, тогаш треба да го менувате почесто.

5 непријатни работи што ќе ви се случат ако не го промените својот брич

Обрнете внимание на бричењето и жилетот. Ако согледувате дека бричот не се лизга лесно по површината, очигледно е дека треба наскоро да го замените. Доколку забележувате ‘рѓа, тогаш воопшто не треба ниту да се мислите, туку веднаш треба да го фрлите. Иако можеби сакате да го сочувате вашиот брич и да го користите подолго, сепак, неговата замена е неопходна за вашето здравје.

1. На вашиот брич има премногу влакна

Колку повеќе го чувате вашиот стар брич, толку повеќе бактерии, мртви клетки од кожата, крема или пена за бричење, како и влакна ќе се насоберат таму. Истото важи двојно повеќе ако не го миете добро помеѓу потезите.

2. Лошо ќе се избричете

Кој сака да поминува повеќе време во бричење? Најверојатно ќе ви се случи ова ако навремено не го замените вашиот стар брич, па со негова употреба ќе ви биде потребно повеќе време и напор, затоа што ќе треба неколку пати да поминете во истата област.

3. Можете да предизвикате воспаление на вашата кожа

Влечењето на тапото сечило по вашата кожа може да предизвика воспаление. Иако тоа е привремено, сепак е болно и досадно. Во некои случаи пак е прилично тешко и предизвикува болка и лузни.

5 непријатни работи што ќе ви се случат ако не го промените својот брич

4. Поголема е веројатноста да се исечете

Повторувањето повеќе пати на една област не само што ја зголемува веројатноста за иритација на кожата, туку исто така со секој потег вие се изложувате на поголема веројатност за да се исечете.

5. Го зголемувате ризикот од инфекции

Стар жилет и иритирана кожа е опасна комбинација и само затоа што не ги гледате раните на вашата кожа, не значи дека тие не постојат. Со стариот брич вие го зголемувате ризикот од инфекција и вируси. Некои истражувачи пак сметаат дека честото бричење на вашите гениталии може да го зголеми ризикот од заразување со ХПВ и херпес од инфициран партнер, благодарение на отворените рани и иритацијата.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар