4-те столбови на значењето кои се клучни за среќен живот

На еден или на друг начин, сите сакаат да бидат среќни. Но и покрај сѐ, многумина не можат да ја достигнат среќата, се чувствуваат како да немаат цел, како да се отуѓени, па дури и очајни. Каде лежи проблемот на ова? Психолошките истражувања покажале дека потрагата по среќа всушност може да ве направи помалку среќни, а клучот за подобар и поисполнет живот е барањето на вистинското значење. Основата за значаен живот, односно принципите врз кои сѐ друго се заснова, може да се наречат 4 столбови на значењето, а тие се: Припаѓање, цел, раскажување и возвишеност.

Не прогонувајте ја среќата: 4 значајни столба кои се клучни за среќен живот

1. Припаѓање

Секому му е потребно да го пронајде своето место, да се чувствува разбрано од другите, да биде признаен и ценет, односно има потреба да се чувствува корисен. Начинот на кој се задоволува оваа потреба се менува со текот на годините. Така, во порана возраст, љубовта од старателот е од суштинско значење, а подоцна припадност се бара во врските со пријателите, семејството, колегите и романтичните партнери. Исто така луѓето се приклучуваат и кон заедници на истомисленици.

2. Цел

Целта е нешто што мотивира, служи како принцип за организирање на животот и ѝ овозможува на личноста да даде придонес кон светот. Луѓето кои имаат цел се поиздржливи и помотивирани да ги поминат добрите и лошите моменти во животот за да дојдат до посакуваното. Целта може да биде различна, или од поголемо или од помало значење.

Не прогонувајте ја среќата: 4 значајни столба кои се клучни за среќен живот

3. Раскажување

Сите вие сте раскажувачи, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Вие ги собирате своите искуства во приказна која ви овозможува да ги разберете вашите животи. Овој процес ви помага да создадете идентитет и да му дадете смисла на светот, односно да разберете зошто нештата се онакви какви што се, кои сте вие и како сте стигнле таму. Размислувањето за искуствата од детството, слушањето или читањето приказни на други луѓе, може да ви помогне во создавањето значење.

4. Возвишеност

За време на некое возвишено или мистериозно искуство, вие чувствувате дека се имате издигнато над секојдневниот свет, во некоја повисока реалност. Без разлика кога се случуваат овие моменти, тие прават да се чувствувате поврзани со нешто огромно и значајно. Грижите за постоењето и смртта може да исчезнат и за момент да ви се чини дека животот има смисла, оставајќи ви мир и благосостојба. Ваквите возвишени искуства му даваат значење на вашиот живот.

Секој од вас има капацитет и е во можност да му даде значење на својот живот. Не треба да го барате тоа значење некаде далеку, бидејќи ви е достапно до вас и сега, само треба да го признаете, да му се посветите и да го дофатите.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар