Експлозија од вкусови: 5 креативни и брзи рецепти за совршена вечера во домот

Експлозија од вкусови: 5 креативни и брзи рецепти за совршена вечера во домот

Есента и студените денови нè тераат да бидеме малку покреативни кога е во прашање организацијата на квалитетно поминатото слободно време. Некако сите омилени летни активности стануваат потешко изводливи, бидејќи доколку не паѓа дожд, тогаш дува силен ветар. А, ако нè изненади сонце, додека ги завршиме сите обврски, веќе паднала ноќ. Тогаш, што да правите?

2-3-voodushevete-gi-vashite-prijateli-so-eksplozija-od-vkusovi-5-kreativni-i-brzi-recepti-za-sovrshena-vechera-vo-domot-www.kafepauza.mk_

Доколку вие и вашите пријатели немате идеја како да го поминете вашето слободно време, тогаш еве неколку предлози: организирајте филмска вечер, вечер за гледање стари цртани филмови или вечер за друштвени игри. Добрата стара забава може да се претвори во совршена вечер полна со смеа, а секако сите ние знаеме која е клучната, тајна „состојка“ за успехот на овие собирања. Храната! Затоа ви откриваме 5 совршени и многу едноставни рецепти кои ќе ве направат главна, хит домаќинка во друштвото.

1. Макало со авокадо и лимон во комбинација со солен кекс

Омилената здрава храна која е тотален хит на социјалните мрежи, авокадото, во комбинација со неколку зачини и додатоци може да се претвори во највкусната закуска. Освен две до три авокада и еден лимон, ќе ви биде потребен и лук, малку бибер и едно поголемо пакување павлака. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не се соединат. Што би било макалото без кекс? Тајниот успех на овој рецепт всушност се крие во идеалната комбинација на вкусови, па затоа изберете го вашиот омилен солен кекс и уживајте.

2. Селекција на кашкавали со грозје и маслинки

Оваа комбинација е многу француска. Можеби ви изгледа претенциозно да ги послужите гостите со различни жолти кашкавали, црно грозје и маслинки, но комбинацијата е премногу вкусна. Искористете го фактот дека сѐ уште можете да купите грозје, а купете и четири до пет видови кашкавали и уживајте!

3. Крцкави капрезе залаци

Сите ние ја сакаме комбинацијата со моцарела сирење и домати, но време е за промена! Пробајте ја оваа крцкава комбинација: намачкајте солен кекс со половина лажичка песто сос, па одозгора нанесете оригано, ситно исечкан сушен домат или моцарела, која исто така е исечкана на коцки. Добар апетит!

1-voodushevete-gi-vashite-prijateli-so-eksplozija-od-vkusovi-5-kreativni-i-brzi-recepti-za-sovrshena-vechera-vo-domot-www.kafepauza.mk_

4. „Фенси“ пуканки

Пуканки со путер? Може, но за таа комбинација веќе знаат сите! За овој рецепт ќе ви биде потребна една кесичка пуканки кои се подготвуваат во микробранова печка, масло од тартуф и оригано. Пуканките подгответе ги според упатството на пакувањето, а потоа додајте 1 лажичка масло и 2 лажички оригано. Сите ќе бидат импресионирани и воодушевени.

5. Штангли со путер од кикиритки

Грисините со фил од кикиритки се во ред, кога брзате или немате многу време, но оваа модифицирана и „унапредена“ верзија ќе предизвика вистинско воодушевување во вашето друштво. Едноставно, купете солен кекс, путер од кикиритки и чедар кашкавал, кој ќе го изрендате. Намачкајте го солениот кекс со путер од кикиритки, а врз него посипете чедар кашкавал. Ќе видите, целата закуска ќе се изеде со брзината на светлината.

А, доколку сакате да ги изненадите вашите пријатели со нешто брзо и лесно, тогаш вреди да ги прочитате овие кратки и лесни рецепти од само 3 состојки кои ќе ве натераат да ги излижете прстите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар